+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Насоки за пополнување на годишен извештај (ОБРАЗЕЦ “ПДД-ГИ”) за исплатувачи кои се ослободени од плаќање на придонеси по основ на вработување на невработено лице до 29 години

PDDGIИсплатувачите кои во 2014 година користеле ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување по член 98-б од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, исплатите по овој основ треба да ги искажат на реден број 3.1-г – Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој има ослободување по член 98 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

 

При внесот на “Податоците за исплатите на обврзниците“ по овој основ, во:

  • колона 3 се внесува податок за износ на бруто приходи;
  • колона 4 се внесува износ на одбитоци (износ на пресметани придонеси),
  • колона 5 се внесува износот на даночното олеснување;
  • колона 6 се внесува износ 0 (нула) во случај на ослободување од персонален данок на доход по член 98 од Законот, односно износ на платен персонален данок во случај да не е користено право од член 98 од Законот; и
  • колона 7 се внесува износот на исплатениот нето приход.

Начинот на пополнување во “Сумарните податоци за исплатите по видови приходи“ од Годишниот извештај “ПДД-ГИ“ за видот на исплата 3.1-г се врши на ист начин како кај поединечните исплати по обврзник.

 

Исплатувачите кои веќе имаат поднесено Годишен извештај “ПДД-ГИ“ до УЈП, а исплатите по овој основ ги внеле на друг реден број (на пример, реден број 3.1) потребно е да поднесат “Исправка на ПДД-ГИ“.

 

Во збирната пресметка за исплатените приходи која исплатувачите се должни да му ја издаваат на граѓанинот треба да ги содржи истите податоци, како и искажаните во Годишниот извештај.
Исплатувачите кои го изгубиле правото на ослободување по член 98-б од Законот и извршиле плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, потребно е податоците за овие исплати да ги искажат на реден број 3.1 – Плата и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот на кои се платени придонеси.

 

  • Објавено на: 12/01/2015
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.