Малопродажните цени на бензините од 22 Октомври 2013 година се зголемуваат за 0,5 денари, а дизелот за 1 денар за литар, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.
Новата малопродажна цена на бензините од 95 октани ќе изнесува 78,50 денари,а на бензинот од 98 како и од 100 октани ќе биде 80 денари за литар.
Еуродизелот ќе се продава по 70,50 денари, биодизелот по 71,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство 59 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 40,535 денари за килограм