+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




На 07.09.2016 година, Институтот на сметководители и овластени сметководители објави јавен повик за достава на документација број 001/16

maxresdefault_liveИнститутот на 07.09.2016 година објави јавен повик за достава на документација до Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Содржината на повикот Ви ја даваме во продолжение:

 

 

Во согласност со Законот за вршење на сметководствени работи и Статутот, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија и во согласност со одлука од 30.08.2016 година објавува јавен повик за доставување документација за уверение за сметководител и овластен сметководител за лицата кои имаат стекнато статус на сметководител или овластен сметководител согласно закон и поседуваат уверение издадено од Министерството за финансии. Повикот за достава на документација трае до 10.10.2016 година.

 

Во прилог до Институтот потребно е да се достават:

1) уверение за овластен сметководител односно сметководител издадено од Министерството за финансии (во оригинал или копија заверена на нотар) и

2) доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение

Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138

Депонент: Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок

Износ: 1000,00 ден.

 

Лицето кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител со достава на следната документација:

1) лиценца за овластен ревизор (во оригинал или копија заверена на нотар) и

2) доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител

 

Институт на сметководители и овластени сметководители ИСОС

Жиро с-ка: 380177109305138

Депонент: Прокредит Банка

Цел на дознака: уплата за надоместок

Износ: 1000,00 ден.

 

Документите потребно е да се достават по пошта на адреса и да содржат контакт или електронска пошта:
Институт на сметководители и овластени сметководители
ул.Ѓуро Стругар бр.5 (зграда Технометал Вардар) кат 1, лок 132/133
За јавен повик за достава на документација 001/2016
За дополнителни информации контактирајте не на нашата електронска пошта info@smetkovoditel.mk

______________________________________________________________________

Регулатива:

 

 

  • Објавено на: 07/09/2016
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.