+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Соопштение за вадење на дозволи за движење во време на полициски час

На седницата на Владата на Република С. Македонија одржана на 09.03.2021 година, донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот следниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник).

Од дозволите за движење кои Министерството за информатичко општество и администрација ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена цел, истата може да ја отпечатат од својата е-маил адреса. Напоменуваме дека дозволите беа пратени од notification@uslugi.gov.mk.

Вработените во полиција, армија, безбедносно разузнавачки служби, здравствени установи, слободно се движат исклучиво за службени цели.

Физичките лица не е дозволено да се движат за време на полицискиот час за приватни потреби, освен во случаи кои се итни (медицинска грижа, аеродром, меѓународен превоз на патници), за што мора да најават на службата 192 во Министерството за внатрешни работи.

Економските оператори да го користат Образецот за издавање на дозволи за движење за време на забраната и посебниот режим на движење што беше користен за време на вонредната состојба, за потребите на своите вработени и за истото да го известуваат Државниот инспекторат за труд и Министерството за внатрешни работи.

За нови потврди, потребно е правните лица/институциите да поднесат барање за дозвола преку порталот uslugi.gov.mk. Дозволите за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекџилници, погребални претпријатија, аптеки и приватни здравствени установи, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.

Сите дополнителни прашања во однос на дозволите можете да ги поставувате на: dozvoli@mioa.gov.mkleje@mioa.gov.mk

Одлука на Владата на РСМ за дополнување на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест covid-19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена (“Службен весник на РСМ”, бр. 55 /2021)

  • Објавено на: 10/03/2021
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.