+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Од страна на Управниот одбор на ИСОС изготвен е нов Правилник за начинот и постапката за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители и упис во регистар (во сила од 26.05.2023)

На веб страната на ИСОС (отвори) објавен е нов Правилник за начин на и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители.

Овој Правилник е донесен од страна на Управниот одбор на ИСОС и истиот влегува во сила со денот на неговото донесување, односно на 26 05 2023 година.

Со Правилникот се уредува следното:

  • Начинот и постапката за издавање на уверение за сметководители и овластени сметководители (член 3 до член 9 од Правилникот);
  • Начинот и постапката за упис во регистрите (член 10 и член 11 од Правилникот)
  • Условите и постапката за добивање на лиценца на Трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител и на друштво за вршење на сметководствени работи и уписот во соодветниот регистар (член 12 до член 15 од Правилникот);
  • Постапката на одземање уверение и лиценца, Издавање на дополнително уверение и лиценца (член 18 и член 19),
  • Мирување на уверение (член 20);
  • Конфликт на интереси (член 21).

Согласно член 22 од Правилникот лицата кои се стекнале со статус на сметководител и овластен сметководител, како и правните лица кои се стекнале со лиценци за работа пред донесување на овој правилник, се должни да се усогласат во рок од 90 дена од донесување на овој правилник и должни се да достават писмено Известување до Архивата на Институтот (до 24.08.2023 година).

Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Правилникот.

Правилник за начинот и постапката за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководители и упис во регистар (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 29/05/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.