+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Известување од ИСОС во однос на усогласување со Правилникот

Почитувани,

Поради многубројни прашања во врска со член 22 од Правилник за начин на и постапка за издавање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар од 26.05.2023, Институтот Ве известува дека рокот за доставување писмено известување за усогласување се продолжува до среда 30.08.2023 година.

Имено, напоменуваме дека усогласување треба да направат само физичките и правните лица кои не се согласно условите наведени во Правилникот.

Известување и документи треба да достават САМО физичките лица и правните субјекти кои се усогласуваат со цел да ги исполнат условите од Правилникот.

Оттука, напоменуваме дека лицата и субјектите кои се согласно Правилникот, не треба да доставуваат или ажурирааат податоци.

Во зависност од промените кои се направени, физичките лица и правните субјекти треба да достават Писмено известување со соодветен доказ за извршените промени согласно Правилникот.

Линк од правилникот

Доставата на Известувањето и комплет документацијата може да се достави по пошта на адреса „Кеј 13ти Ноември“ кула 2/8 ГТЦ Центар Скопје или електронски на info@isos.com.mk.

Со почит,

ИСОС

  • Објавено на: 22/08/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.