+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Консалтинг Ве поканува на советување на 4 Јуни во Штип, на 5 Јуни во Битола и 6 Јуни во Скопје

 

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ

 

МСФИ КОНСАЛТИНГ Ве поканува на советување за новите законски прописи од областа на сметководството, финансиите, даноците, деловното право и работните односи во следните градови:

 

  • 4 Јуни 2013 (вторник) во Штип во Хотел Оаза (отвори)
  • 5 Јуни 2012 (среда) во Битола во Хотел Милениум (отвори)
  • 6 Јуни 2013 (четврток) во Скопје во М6 Еду­ка­тивен центар (до Алкалоид) (отвори)

 

Почеток на советувањето е во 10 часот

ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊЕТО (преземи)

 

СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 2013 ГОДИНА

 

  • Актуелности во однос  на Законот за вршење на смет­ководствени работи и  Институтот за смет­ководители и овластени смет­ко­во­ди­те­л­и
  • Вреднување на залихите согласно МСС 2 и Од­дел 13 од МСФИ за МСЕ
  • Примена на МСС 36 – Обезвреднување на сре­д­­ства
  • Примена на МСС 37 – Резервирања, не­из­вес­н­и обврски и неизвесни средства и Оддел 21 од МСФИ за МСЕ
  • Практични  примери и одговори на праш­а­њ­а од примената на стандардите (МСС, МС­Ф­И и МСФИ за МСЕ)
  • Обврски за известување на друштвата кои ќе ко­тираат на новите сегменти на Берзата

 

ДАНОЦИ – ДАНОК НА ДОБИВКА

 

  • Нов Правилник за нормирани износи на ка­­­­ло, растур, крш и расипување
  • Даночен третман на расходите и помалку ис­кажаните приходи од поврзани лица (за­еми, трансферни цени…)
  • Месечен надомест (паушал) за членови на ор­га­ни на управување
  • Даночни аспекти на исплата на аванс на ди­­виденда
  • Данок на добивка по задршка – спе­ци­фи­ч­ни аспекти во примената

 

ДАНОЦИ – ДДВ

 

  • Специфични аспекти при пополнувањето на по­ле 14 од ДДВ пријавата со посебен ак­­цент на:
    • примените и дадените аванси (31 став 2 од Законот за ДДВ)
    • даночни износи кои се должат според член 32 точка 4 од Законот за ДДВ (услуги примени од странци за кои место на вршење на услугата е местото на примателот на услугата, односно Република Македонија)
    • исправка на одбивката на претходни даноци според член 37 од Законот за ДДВ
    • ДДВ врз основа на донации
    • неовластено истакнат ДДВ според член 55 став 1 од Законот
    • право на одбивка на претходниот данок содржан во залихите на добрата наменети за натамошна продажба кај даночните обврзници кои прв пат се регистрираат за ДДВ, а кои биле набавени пред нивната регистрација за ДДВ.
  • Даночен третман на примени фактури ко­и­ не гласат на друштвото (сметки за кому­на­л­и­­и)
  • Какви ќе бидат ефектите од утврдувањето на нормираните износи на кало, растур, крш и расипување за цели на данокот на додадена вредност ?

 

ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ

 

  • Додатоци на плата за прекувремена работа, ноќ­на работа, работа во смени, работа за вре­ме на државен празник, работа во ден на неделен одмор…
  • Одговорност на Друштвото во однос на обврските за електронското известување на Др­жавниот инспекторат за труд
  • Користење на годишен одмор и регрес за го­дишен одмор
  • Даночен третман на одделни видови на на­до­­местоци на вработените во 2013 година

 

ДЕЛОВНО ПРАВО

 

  • Новини во Законот за трговските друштва
    • Продолжен рокот за поднесување на го­диш­­­­на сметка
    • Мерки за заштита на правата на мал­цин­ски­те акционери кои имаат нај­мал­ку 10% од основната главнина на друш­­твото при постоење сом­не­ва­ње за можни не­ре­гу­лар­нос­тите во во­дењето на тр­гов­ски­те книги и акт­ив­нос­ти­­те на тр­гов­ското дру­ш­тво
    • Нови обврски за средните и големите тр­го­­в­ци
  • Измени на Законот за едношалтерски сис­те­м­
    • Регистрација на фирма по електронски пат од овластени сметководители – регистрациони агенти…)
    • Можност за стекнување на статус – Регистрационен агент од страна на ТП или трговско друштво регистрирано за вршење сметководствена дејност

 

ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ

 

  • Услови под кои домашните субјекти можат да имаат сметки во странство

 

НОВИ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ВО ПОДГОТОВКА

 

ВАЖНО: ОДГОВОРИ НА АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА ОД  ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВНО СМЕТКОВОДСТВЕНО И ДАНОЧНО РАБОТЕЊЕ

 

Симнете покана за советувањето со кликнување на преземи во продолжение: 

 

ПРОГРАМА НА СОВЕТУВАЊЕТО (преземи)

 

За сите информации, Ве молиме јавете се на следните телефони:

02/ 3 112 532;  02/ 3 112 323;  02/ 3 112 334;

и на мобилните телефони: 070 317 142;  070 333 713, 078 390 803

 

Цената на советувањето со семинарски ма­теријал: изнесува 2.000 денари, за вто­р и нареден учесник од иста фирма це­ната изнесува 1.200 денари. Цените се со вклучен ДДВ.

 

Плаќањето може да се изврши на следн­и­те сметки:

 

280-1001042042-51-Алфа Банка Скопје
210-0676392801-76-Тутунска Банка Скопје

 

Со почит

МСФИ Консалтинг,
11 Октомври 1А Кат 2
Плоштад Македонија, Скопје
msfi.konsalting@gmail.com
info@msfi.com.mk

www.msfi.com.mk

 

  • Објавено на: 21/05/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.