На веб страната на ИСОС (isos.com.mk) објавен е Повик до сите лица запишани во Регистарот на сметководители и овластени сметководители за ажурирање на податоците преку web апликацијата достапна на следниот линк – smetkovoditel.isos.com.mk во рок од 7 дена од објавувањето на повикот, односно до 29.12.2022 година, а со цел за достава на ажурираните податоци до Централниот Регистар за цели на потпишување на годишните сметки и финансиски извештаи и во Управата за јавни приходи за цели на потпишување на даночните пријави.
Најавувањето кон Вашиот кориснички профил е овозможено преку бројот на уверение издаден од ИСОС и последните шест цифри од Вашиот матичен број.
Освен ажурирање на податоците, пристапот до веб апликацијата Ви овозможува и преглед на остварени КПУ часови по години и обучувачи од каде Ви се доделени часовите. Кон прегледот може да пристапите со отворање на опаѓачкото мени (континуирано професионално усовршување) од левниот долен агол, веднаш под делот на основни податоци.