+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ е Вести: Повик на Институтот на сметководители за подигање на уверенијата за овластен сметководител

unnamedНа веб страната на Институтот за сметководители и овластени сметководители е објавено соопштение во кое се повикуваат колегите сметководители да ги подигнат уверенијата за овластен сметководител.

Соопштението Ви го презентираме во целост.

 

Почитувани,

Институтот на сметководители и овластени сметководителина Република Македонија од понеделник 23 јанауари 2017 ќе отпочне со доделување на уверенијата за овластен сметководител, по првиот јавен повик.  Доделувањето ќе биде во периодот од 23 до 27 јануари во хотел „Континентал“ во периодот од 09:00 до 18:00 часот.

Уверенијата ќе се доделуваат во траење од пет работни дена, според листи кои ги објавуваме во прилог.

Првиот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0100011 до 0101300,

Вториот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0101301 до 0102500;

Третиот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0102501 до 0103700;

Четвртиот ден ќе се доделуваат уверенијата со број 0103701 до 0104900 и

Петтиот ден ќе се доделуваат уверенијата со 0104901 до 0106146.

Уверенијата можат да се подигнат лично или со заверено овластување.

Ве замолуваме со цел обезбедување ефикасно одвивање на процесот на доделување на уверенија, да го забележите Вашиот број на уверение или архивскиот број, што може да го утврдите во листите кои ќе бидат објавени на веб страната на Институтот (се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден).

Овластените сметководители кои нема да бидат во можност да ги подигнат уверенијата во овие денови, тоа ќе може истото да го сторат во просториите на Институтот за сметководители и овластени сметководители на РМ на ул. Ѓуро Стругар број 5 – зграда Технометал во од 30 јануари 2016 па натаму во работни денови од 09:00 до 16:00 часот.

Листата е достапна на следниот линк

Со почит,

ИСОС

Напомена од МСФИ Консалтинг: За полесно пребарување низ Регистарот можете да кликнете на вашата тастатура на Ctrl и F и во делот на пребарување со македонска кодна подршка да го пишете вашето име или презиме и да пребарувате низ базата.

  • Објавено на: 20/01/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.