+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ е-Вести: Известување на ИСОС – Предлог тарифник за книговодствени услуги

page1-img1На веб страната на Институтот за сметководители и овластени сметководители објавено е соопштение во врска со организирање на јавна расправа околу Предлог тарифник за книговодствени услуги.

Во продолжение Ви даваме интегрален текст на соопштението на ИСОС.


Известување на ИСОС за Предлог – тарифник за книговодствени услуги

На седница на Собранието на Институтот на овластени сметководители и сметководители што се одржа на 21.03.2017 година се донесе предлог-тарифник со кој се утврдува минималниот надомест за месечните трошоци за книговодствени услуги.

Управниот одбор на ИСОС согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот ( член 31, став 14) ги предлага и утврдува критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги. Со утврдување на минималниот надоместокот треба да се создадат услови за подобрување на квалитетот на книговодствените услуги  како и да се постигне реално вреднување на трудот на сметководителите.

Постапката за изготвување на предлог-тарифникот започна во ноември 2016 година и се одвиваше во неколку фази, а во неа беа вклучени повеќе организации на сметководители во земјава. За таа цел беше формиран посебен Совет кој ги предложи критериумите и надоместокот за вршење на книговодствени услуги. Советот го сочинуваат претставници на сите осум подружници на ИСОС, членовите на Управниот и на Надзорниот одбор како и  претставници на коморите и на здруженијата на сметководители. Советот одржа два состаноци на 23.11.2016 и на 07.12.2016 година. На првиот состанок едногласно беше донесен заклучок да се подготви тарифник за книговодствените услуги. Писмени предлози доставија сметководствените друштва од Штип, Битола, Скопје, Гостивар, Струга, Тетово, Гевгелија, Куманово, Струмица, Охрид, а се одржа и јавна расправа на 17.03.2017 година во 12 часот во просториите на Сојузот на стопански комори.

Ги повикуваме сите заинтересирани сметководителите како и корисници на книговодствените услуги заради подобрување на квалитетот на предлог-тарифникот да учествуваат на јавните расправи:

  • Во Скопје ќе се одржат на 28.03.2017 година, 04.04.2017 година и на 11.04.2017 година во просториите на Сојузот на стопански комори со почеток во 12 часот.
  • Во Штип на 03.04.2017 година во општинската сала во 14 часот.
  • За другите градови следуваат дополнителни информации.

Заинтересираните може да достават писмени предлози за подобрување на квалитетот на предлог-тарифникот на официјалните маил адреси на ИСОС, info@smetkovoditel.mkios@archiva.mk и isos@isos.mk.

 

Во прилог го објавуваме предлог-тарифникот (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 27/03/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.