Почнувајќи од месец февруари 2017 година аконтацијата на данок на добивка која треба да се плати до 15 март 2017 година започнува да се плаќа на пресметаната нова даночна обврска утврдена по Даночниот биланс за 2016 година. Обврската за плаќање на аконтација на данок на добивка се однесува на правните лица обврзници на данок на добивка кои имаат поднесено Даночен биланс (Образец ДБ) за 2016 година. Правните лица кои имаат поднесено Даночен биланс на вкупен приход (Образец ДБ-ВП) за 2016 година немаат обврска за плаќање на аконтации на данок на добивка во 2017 година. Во написот кој може да го преземете со кликнување на преземи се осврнуваме на обврската и начинот на плаќање на аконтациите на данок на добивка за 2017 година.
МСФИ е Напис: Плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2017 година (ПРЕЗЕМИ)