+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување од ИСОС: Задолжителна обврска до 15 Септември 2023 година за доставување на документација од страна на сметководствените бироа (друштво, ТП сметководител и ТП овластен сметководител) до ИСОС

Почитувани

На 05.09.2023 година од страна на ИСОС е објавено соопштение кое интегрално Ви го даваме во продолжение:

Почитувани,

Институтот на сметководители и овластени сметководители, согласно Правилникот и рокот кој беше даден за усогласување, Ги повикува сите субјекти иматели на ЛИЦЕНЦИ за вршење сметководствени работи издадени од Институтот НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година да ја достават следната документација

  • Тековна состојба за субјектот имател на ЛИЦЕНЦА ОД ИСОС не постара од 30.08.2023 година
  • Листинг од АВРМ на Деловен субјект и тоа (ПРЕГЛЕД НА АКТИВНИ ПРИЈАВИ ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРАВЕН СУБЈЕКТ) не постар од 30.08.2023 година со оригинал печат од АВРМ или истиот документ изваден преку порталот на E-uslugi (https://uslugi.gov.mk/subcategory/vrabotuvanje-359#)

Напоменуваме дека Институтот врз основа на проверка на доставената документација ќе постапи согласно член 32 став 10 точка 2 и точка 3 од ЗВСР во врска со член 17 став 1 точка 2 и точка 3 од ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИН НА И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛИ И УПИС ВО РЕГИСТАР од 29.06.2023 година.

Документацијата треба да се достави по електронска пошта и тоа на следната адреса: archiva@isos.com.mk НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година.

Дополнително, сите членови се повикуваат да ги ажурираат и проверат своите податоци на веб платформата.
Be молиме уредно проверете и пополнете ЕМБС на правниот субјект, назив на фирма, датум на вработување, полно/скратено/дополнително работно време, право да потпишува годишна сметка и финансиски извештаи, право да потпишува даночни пријави и биланси и тип на правен субјект согласно обврската за ажурирање на податоци од член 35 став (6) од ЗВСР во врска со член 10 став 2 точка 6 од Статутот на Институтот.

За ажурирање на податоците треба да се најавите на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

Со почит,

ИСОС

ПОВИК (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 05/09/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.