+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Известување на ЦРМ за упис на лиценцата за работа на ТП и друштвата за вршење на сметководствени работи

Во прилог го пренесуваме известувањето на Централниот Регистар во врска со упис на лиценцата за работа на трговците поединци и друштвата за вршење на сметководствени работи согласно новиот Закон за вршење на сметководствени работи.

„Почитувани,
Ве известуваме дека во („Службен весник Република Северна Македонија“ број 173 од 01.08.2022 година објавен е:
-Закон за вршење на сметководствени работи(*).
Овој Закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
Од Законот за вршење на сметководствени работи член 63 став 4, произлегува законска обврска за трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластените сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи кои се запишани во „Регистарот на трговците поединци – сметководители”, „Регистарот на трговците поединци – овластените сметководители ” и „Регистарот на друштвата за вршење сметководствени работи” на кои им е издадена ЛИЦЕНЦА за вршење на сметководствени работи и кои до денот на влегувањето во сила на овој Закон, податокот за ЛИЦЕНЦА за работа не го запишале во Централниот регистар на РСМ се должни да извршат упис во Централниот регистар во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на Законот за вршење на сметководствени работи.
Постапката за упис во Трговскиот регистарот и регистарот на други правни лица што се води во Централниот регистар на РСМ се поведува со поднесување пријава за упис во електронска форма преку едношалтерскиот систем, согласно Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 122/21 и 215/21) и Законот за трговски друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 290/20, 215/21 и 99/22).
Кон пријавата за упис како прилог се приложува Лиценцата за работа.

Со почит,“

Напомена од МСФИ Консалтинг: 

Законот за вршење на сметководствени работи влезе во сила на 09.08.2022 година, со што рокот од 60 дена истекува заклучно со 07.10.2022 година.

Известување на ЦРМ за упис на лиценцата за работа на трговците поединци и друштвата за вршење на сметководствени работа… ПОВЕЌЕ

  • Објавено на: 18/08/2022
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.