+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Дадена можност за пријавување на прекувремена, ноќна и работа на празници по електронски пат


Потсетуваме дека согласно Законот за работните односи работодавачите имаат обврска за секое воведување на прекувремена работа, воведување на работа за време на државен празник, за несреќа на работа за започнување со вршење на дејност, за започнување на градежни, како и за ангажирањето на работници за ноќна работа, претходно писмено да го известaт подрачниот државен инспектор на трудот, односно да доставaт писмена пријава до Државниот инспекторат за труд, во законски утврдениот рок.

 

Со Измените на Законот за работните односи објавени во Службен весник на РМ, број 25/2013 година, кои се применуваат од 19.02.2013 година се пропиша обврска за претходно писмено известување на подрачниот државен инспектор за труд пред секое воведување на прекувремена работа. Оваа законска новина е различна од дотогашното решение кое бараше пријавување во рок од три дена од воведувањето на прекувремената работа. Новото законско решение бараше од работодавачите пред секое воведување на прекувремена работа да мораат да одат до подрачната единица на Државниот инспекторат за труд и да достават писмена пријава. За наведените законски новини пишувавме во Февруарскиот број на МСФИ Информатор во Написот: Нови измени во законот за работните односи кој може да го симнете во делот е Списание МСФИ Информатор.

Согласно соопштението на Министерството за труд и социјална политика за поедноставување на целата постапка e овозможено пријавувањето да се врши и по електронски пат на e-mail адресата: prijava@mtsp.gov.mk

 

Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд.

 

И при електронското пријавување, како и при пријавувањето преку писмена изјава, работодавачите треба да ги запазат предвидените рокови во Законот за работни односи.

 

Во продолжение може ги симнете унифицираните пријави за:

  • Известување за прекувремена работа (преземи)
  • Известување за ноќна работа (преземи)
  • Известување за работа на државен празник (преземи)
  • Известување за несреќа на работа (преземи)
  • Известување за започнување со вршење на дејност (преземи)
  • Известување за започнување на градежни работи (преземи)
  • Објавено на: 11/04/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.