Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2013 година изнесува 30.595 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2013 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 15.298,00 денари (50% од 30.595,00).
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2013 година изнесува 183.570,00 денари (6 x 30.595,00).