Согласно соопштението на Владата на Република Македонија од 19.09.2012 година, утврдена е висината на надоместокот за добивање на уверение за сметководител и за овластен сметководител.
Висината на надоместокот за привремено уверение ќе изнесува:
- за сметководител 300 денари
- за овластен сметководител 500 денари
Надоместокот за добивање на трајно уверение за сметководител или овластен сметководител ќе изнесува 1.000 денари.
Потсетуваме дека привременото уверение за сметководител согласно член 48 од Законот за вршење на сметководствени работи се издава на лице кое има:
- најмалку средно образование и работно искуство од 3 години; или
- вишо образование и работно искуство од 2 години или
- високо образование и 1 година работно искуство во вршење на сметководствени работи.
Привременото уверение за овластен сметководител согласно член 49 од Законот се издава на лице кое има:
- најмалку средно образование и работно искуство од 10 години или
- вишо образование и работно искуство од 8 години или
- високо образование и 3 години работно искуство во вршење на сметководствени работи.
Трајните уверенија согласно член 50 став 4 од Законот се издаваат на лица кои имаат над 25 години работно искуство во вршење на сметководствени работи и до колку имаат најмалку средно образование.
Привремените уверенија ќе важат 24 месеци, а крајниот рок за поднесување на документите за добивање на трајни или привремени уверенија е до 3 февруари 2013 година