Цената на еуросуперот БС-98 се зголемува за половина денар по литар, а на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство за 2, односно 2,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на еуросупер 98 да се зголеми за 0,5 денари, односно на 85 денари за литар. Дизелот пак поскапува за 2 денари, така што ќе чини 73,5 денари за литар, а поскапува и екстра-лесното масло за домаќинство, чија цена се зголемува за 2,5 денари за литар. Непроменета останува цената на еуросупер 95. Единствено се намалува цената на мазутот.