Со одредбите на член 41-а од Законот за данокот на додадена вредност (‘’Службен весник на РМ” бр. 44/99.. 135/2011), e пропишано дека “доколку даночниот обврзник утврди дека пријавил неточно или нецелосно промети, даноци или претходни даноци во одредена даночна пријава за соодветен даночен период, должен е да изврши исправка на даночната пријава за тој даночен период и тоа најдоцна до рокот за доставување на годишната сметка.
Исправката не се врши преку искажување на разликите во износите, туку преку искажување на целосните износи.”
По исклучок од претходното, даночниот обврзник е должен да изврши исправка на неточната и нецелосната даночна пријава во последната даночна пријава од календарската година на која се однесува грешката, доколку станува збор за повеќе или помалку пријавен данок во дадениот даночен период кој е помал од 1% од пријавениот данок.
Поаѓајќи од фактот дека со Законот за ДДВ е дефиниран крајниот рок до кој може да се изврши исправка на ДДВ пријава за претходниот даночен период се наметнува прашањето на кој начин ќе се изврши корекција на даночната пријава по истекот на крајниот рок, односно по 28/29 Фeвруари наредната година за правните лица, односно 15 Март за самостојните вршители на дејност/трговци поединци.
Одговорот на ова прашање e содржан во одредбите на Законот за даночна постапка (‘’Службен весник на РМ” бр. 13/06…84/12).