Биографија
Жарко Михајловски е овластен ревизор со лиценца број 11 издадена од Советот за унапредување и надзор на ревизијата, автор на повеќе стручни публикации од областа на фискалната политика и даночниот систем, финансиско и управувачко сметководство, консултант во имплементацијата на Меѓународните Сметководствени Стандарди – МСС и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување – МСФИ и економски консултант во компанијата во сферата на даноците, сметководството и финансиите. Долгогодишен предавач и инструктор во имплементацијата на законската регулатива од областа на даноците и сметководството на голем број семинари и работилници.