+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО, МСФИ Консалтинг Ве поканува на советување на 3 Јуни во Штип, на 4 Јуни во Скопје, на 5 Јуни во Битола и на 10 Јуни во Охрид

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ

 

Ве покануваме да присуствувате на советувањата кои МСФИ Консалтинг ќе ги организира во врска со имплементацијата на новините во даночните прописи, примената на Законот за финансиска дисциплина, проблемите поврзани со имплементацијата на концептот на пренос на даночната обврска (Reverse Charge), новините во фискализацијата, актуелностите во сметководствената професија, како и да дадеме одговор на сите Ваши прашања од секојдневното сметководствено и даночно работење.

 

МСФИ Консалтинг советувањата ќе ги организира во следните градови:

  • 3 Јуни 2014 (вторник) во Штип во Хотел Оаза
  • 4 Јуни 2014 (среда) во Скопје во Хотел Холидеј Ин
  • 5 Јуни 2014 2014 (четврток) во Битола – Хотел Милениум
  • 10 Јуни 2014 (вторник) во Охрид во Хотел Ривиера

Почеток на советувањето во 10 часот

 

 

ПОКАНАТА ЗА СОВЕТУВАЊЕ МОЖЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕТЕ СО КЛИКНУВАЊЕ НА СЛИКАТА ПРЕТХОДНО ИЛИ СО КЛИКНУВАЊЕ НА ПОДОЛУ НА ПРЕЗЕМИ ПОКАНА

ПРОГРАМА ЗА СОВЕТУВАЊЕТО (ПРЕЗЕМИ ПОКАНА)

СМЕТКОВОДСТВО

  • Кои се новините во однос на Институтот за сметководители и овластени сметководители ?
  • Кога започнува постапката за добивање на лиценца за работа и упис во Регистарот (пропишани нови обрасци за поднесување)
  • Пропишан нов Правилник за формата и содржината на годишната сметка за 2014

ДАНОЦИ

Данок на добивка

  • Нови даночни биланси за оданочувањето со данок на добивка (данок на непризнати расходи) и данок на вкупен приход (Нов Образец ДБ и ДБ – ВП)
  • Пропишан Нов Образец ДД-ИД – Пресметка на данок на исплатена дивиденда
  • Нов образец Изјава за платен данок на исплатена дивиденда (На кого се доставува ?)
  • Нов Образец ДД-И – Извештај за уплатени данок по задршка
  • Кои се новините во однос на даночниот третман на заемите во 2014, Кои законски можности стојат на располагање за да се избегнат даночните последици за заемите кои не можат да се вратат ?

ДДВ

  • Практични примери и искуства (низ прашања и одговори) во однос на досегашната примена на член 32-а (концепт на пренесување на даночната обврска – Reverse Charge) ?
  • Специфичностите на авансите во новата ДДВ пријава (сметководствен и даночен третман)
  • ДДВ третман на услуги дадени и примени од странски правни лица
  • Годишните стануваат тромесечни ДДВ обврзници (Кои се нивните обврски од 1 јули 2014  ?)
  • Даночни ослободувања за донации добиени од странски донатори (од 1 Јули 2014 обврска за фактури со сериски број доделен од УЈП)
  • Повластена  стапка на ДДВ од 5 % за  бебешки производи, училишен прибор, добиточна храна, адитивите за добиточна храна и жив добиток (Oд кога започнува примената ?)
  • Концепт на електронска фактура во системот на ДДВ

ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

  • Специфични аспекти во однос на примената на Законот за финансиска дисциплина
  • Правни последици од недоговорени рокови ?
  • Спроведување на Законот од УЈП (Како ќе постапува УЈП во редовен и вонреден надзор ?)
  • Цесијата, асигнацијата, преземањето или пристапувањето кон долг, компензацијата во контекст на примената на Законот

РАБОТНИ ОДНОСИ

  • Право на работниците на годишен одмор
  • Регрес за годишен одмор (минимално право, краен рок за исплата, даночен и сметководствен третман)

ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ

  • Специфичностите при пресметка на плата и пополнување на МПИН пријавата кај вработените за кои се користат бенифиции (ослободување од придонеси и персонален данок)
  • Најавени промени во однос на исплатата на надоместот за време на боледување додека работникот е на товар на Фондот за здравство

НОВИНИ ВО ФИСКАЛИЗАЦИЈАТА ОД
1-ВИ МАЈ 2014 ГОДИНА

  •  Примена на новините во Законот за регистрирање на готовинските плаќања од 1 мај 2014 година (воведување на GPRS терминал и крипто модул, нови обрасци и нивен даночен аспект)

ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА НА СТРАНСКИ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА

  • Задржан данок на исплатена дивиденда на странско правно лице и персонален данок на исплатена дивиденда на странско физичко лице, со можност за примена на  даночните погодности од билатералните договори за одбегнување на двојно оданочување)

ПРИМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА КАЛО, РАСТУР, КРШ И РАСИПУВАЊЕ

ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊА  КОИ ГО ЗАСЕГААТ ВАШЕТО СЕВКУПНО СМЕТКОВОДСТВЕНО  И ДАНОЧНО РАБОТЕЊЕ ВО 2014 ГОДИНА

Информации за советувањето:

02/3 112 323;  02/3 112 334;  02/3 112 532070 317 142070 333 713078 390 803

 www.msfi.com.mk  e-mail: info@msfi.com.mkmsfi@msfi.com.mk

Цената (со ДДВ) за Советувањето со семинарски материјал изнесува:

  • за претплатници………………………………………… 2.000 ден.
    за втор учесник…………………..………………………..1.600 ден.
  • за непретплатници (плаќање однапред)…………2.500 ден.
    за втор учесник…………………..………………………..2.200 ден.

Плаќањето може да се изврши на следните сметки:

280-1001042042-51-Алфа Банка Скопје

210-0676392801-76-Тутунска Банка Скопје

  • Објавено на: 01/06/2014
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.