+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




ВАЖНО, ВАЖНО, ВАЖНО, МСФИ Консалтинг Ве поканува на задолжителното континуирано професионално усовршување за сметководители и овластени сметководители

0001Почитувани колеги,

МСФИ КОНСАЛТИНГ како акредитирано правно лице од ИСОС и ИЦЦ НК за РМ спроведува ЕДНОДНЕВНО КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ бр.1/2017-8 часа за овластени сметководители и сметководители според Годишната програма за КПУ на ИСОС во следните градови:

– 13 Октомври 2017 (петок) во Штип – Хотел Оаза
– 17 Октомври 2017 (вторник) во Охрид – Хотел Милениум Палас
– 18 Октомври 2017 (среда) во Скопје – Хотел Холидеј Ин
– 19 Октомври 2017 (четврток) во Битола – Хотел Милениум
– 26 Октомври 2017 (четврток) во Прилеп – Хотел Кристал Палас
– 27 Октомври 2017 (петок) во Скопје – Хотел Холидеј Ин
– 28 Октомври 2017 (сабота) во Скопје – Хотел Континентал
– 31 Октомври 2017 (вторник) во Струмица – Хотел Сириус

ПРЕЗЕМИ ПОКАНА ЗА КПУ ОБУКИ ОКТОМВРИ 2017 ГОДИНА

ПРЕЗЕМИ ПРОГРАМА ЗА КПУ ОБУКИ ОКТОМВРИ 2017 ГОДИНА

Регистрација за посетување на КПУ обуки организирани од МСФИ Консалтинг

До колку сте заинтересирани да ги следите обуките кои МСФИ Консалтинг ги организира во текот на ме­сец Октомври 2017 година, а заради обезбедување на уредна евиденција на вашето присуство и ос­тварените КПУ часови, Ве молиме најдоцна 5 дена пред почетокот на советувањето да се ре­гис­т­ри­­ра­т­е на веб страната на МСФИ Консалтинг (www.msfi.com.mk).

Целта на континуираното професионално усовршување согласно Законот за вршење на смет­ко­вод­стве­ни работи (“Службен весник на РМ”, број 95/12…190/16) е надградување на знаењето на сметководителите и овластените сметководители при што истото треба да го по­­­­­се­ту­ва­­ат сите физичките лица кои имаат стекнато уверение за сметководител и овластен смет­ко­во­­ди­­­тел и се запишани во Регистарот на Институтот.

Согласно член 19 од Законот за вршење на сметководствени работи сметководителите се должни да посетат обука за КПУ од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во те­кот на една година (за 2017 година).

Овластените сметководители се должни да посетат обука за КПУ од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една го­ди­на (за 2017 година).

МСФИ Консалтинг како акредитирано друштво за КПУ во интерес на обезбедување на нео­п­ход­ни­от број на КПУ часови за 2017 година во текот на месеците Октомври, Ноември и Декември во повеќе градови на Република Македонија ќе организира обуки согласно Програмата за КПУ. МСФИ Кон­сал­ти­н­г обу­ките ќе ги интензивира во текот на месец Декември 2017 имајќи ја во предвид потребата за про­фе­си­­онално усвршување неопходно потребна пред изготвувањето на годишната сметка за 2017 година.

Програмата за КПУ обуките кои МСФИ Консалтинг ќе ги организира во текот на месеците Ок­том­в­р­и, Но­ември и Декември 2017 година ќе биде различна по својата содржина и истата ќе биде при­ла­го­де­­на на ва­ши­те про­фе­си­онални потреби, знаења и стручност и согласно законските барања и об­вр­с­к­и за овој период од годината.  

Надоместот за КПУ обуките е утврден согласно Одлуката на Владата на Република Македонија од 16.02.2017 година според која надомест за 1 час за КПУ изнесува 250 денари плус ДДВ, односно за 1 ра­ботен ден од 8 часа надоместот изнесува 2.000 денари (две илјади денари плус ДДВ).

Почитувани колеги,

На крајот сакаме да Ве поздравиме, да Ви посакаме успех во КПУ обуките кои ќе ги организира МС­Ф­И Кон­салтинг и да Ви ветиме дека вредно како и досега ќе продолжиме да работиме се со цел да ја оп­ра­в­даме вашата доверба.

Со почит

МСФИ Консалтинг

  • Објавено на: 23/10/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.