+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Соопштение на Централниот Регистар за прием на годишни сметки за 2016 година

indexСе известуваат сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека Централниот регистар на РМ ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година, во деновите 25.02.2017 (сабота) од 08:00 до 16:00 часот, 27.02.2017 (понеделник) и 28.02.2017 (вторник) од 08:00 до 20:00 часот.

     За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2017 година.

На 27.02.2017 – (понеделник) и  28.02.2017 – (вторник) со работно време од 08:00часот – 16:00часот, Централниот регистар на Р. Македонија овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2016 година за правните субјекти и во следните градови во кои нема свои канцеларии:

  • Кратово – во објектот на Општина Кратово
  • Демир Хисар – во објектот на Општина Демир Хисар
  • Крушево – во објектот на Уни банка

Со почит,

Централен регистар на Република Македонија

  • Објавено на: 23/02/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.