+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk

Соопштение на ИСОС: Јавни расправи за предлог-тарифникот за минимални надоместоци

ztdСо цел подобрување на критериумите на предлог-тарифникот со кој од страна на Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители се предложени минимални надоместоци за месечните трошоци за книговодствени услуги се одржаа јавни расправи во Скопје, Штип, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Битола, Кичево, Ресен, Дебар, Гостивар, Куманово, Охрид, Струга, Велес, Тетово на кои учествуваа претставници на сметководствени бироа и самојстојни сметководители.

На јавните расправи се предлагаа дополнителни поделби во тарифникот пред се со цел да бидат опфатени самостојните вршители и занаетчии кои не се ДДВ обврзници, како на пример трговски претпријатија со по еден вработен како и занаетчии и земјоделците како и физичките лица кои се ДДВ обврзници. Исто така се предложи да се додаат и две категории на даночни обврзници кои остваруваат годишен промет поголем од 100 милиони денари и од 200 милиони денари. Претседателката на Институтот Ленче Папазовска информираше дека веќе е подготвен предлог договор и општи услови кои ќе можат смeтководителите и овластени сметководители да ги превземат преку веб страната на Институтот. Најважно е во договорите сметководителите таксативно да ги определат услугите кои ќе ги даваат на своите клиенти.

Во однос на членарината беше кажано дека истата може да се уплатува месечно, квартало или годишно онака како што им одговара на сметководителите.

Во однос на тоа дали сметководителите кои се вработени во една фирма ќе можат да потпишуваат годишна сметка и за други фирми, одговорено беше дека треба да се испочитува Законот за сметководствени работи и Законот за работните односи. Тоа би значело дека доколку овластениот сметководител не е вработен во соодветното друштво не ќе може да ја потпише годишната сметка за субјектот.

На јавните расправи се дискутираше и за континуираната едукација. Дадена е информација дека активностите се во тек и дека за триесетина до 45 дена се очекува да бидат објавени потребните услови согласно Програмата за континуирано професионално усовршување усвоена од страна на Собранието на Институтот.

Претседателот на Надзорнит одбор Сашо Раденовиќ објасни дека предлог – тарифник е само појдовна основа на која ќе се надогради цената која треба да ја надомести секој клиент за книговодствени услуги.

Во повеќето од градовите каде се одржаа јавните расправи беше предложено и со мнозинство прифатено во тарифникот да се утврди цена на час за сметководствени услуги.

Заинтересираните може да достават писмени предлози за подобрување на квалитетот на предлог – тарифникот на официјалните маил адреси на Институтот, info@smetkovoditel.mkisos@archiva.mk и isos@isos.mk до крајот на оваа недела.

Записниците од јавните расправи ги објавуваме во продолжение:

Записник од јавна расправа одржана во Струмица на ден 30.03.2017

Записник од јавна расправа одржана во Кочани на ден 01.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Дебар на ден 06.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Битола на ден 31.03.2017

Записник од јавна расправа одржана во Гостивар на ден 07.04.2017

Записник од јавна расправа одржана во Струга на ден 10.04.2017 

Записник од јавна расправа одржана во Тетово на ден 11.04.2017 

Записник од јавна расправа одржана во Охрид на ден 10.04.2017

 

  • Објавено на: 11/04/2017
Print Friendly
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.

РЕГИСТРАЦИЈА ЗА КПУ ОБУКИ

Почитувани колеги,

МСФИ Консалтинг од месец Октомври 2017 година започнува со организирање на едукативни обуки за континуирано професионално усовршување за сметководителите и овластените сметководители.

До колку сте заинтересирани да ги следите обуките кои МСФИ Консалтинг ги организира во текот на ме­сец Октомври 2017 година, а заради обезбедување на уредна евиденција на вашето присуство и остварените КПУ часови, Ве молиме најдоцна 5 дена пред почетокот на советувањето да се регистрирате со кликнување на РЕГИСТРАЦИЈА

КПУ обуките ќе се одржат во следните градови:


  • 26 Октомври 2017 (четврток) во Прилеп - Хотел Кристал Палас
  • 27 Октомври 2017 (петок) во Скопје - Хотел Холидеј Ин
  • 28 Октомври 2017 (сабота) во Скопје - Хотел Континентал
  • 31 Октомври 2017 (вторник) во Струмица - Хотел Сириус