Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за периодот Јануари – Октомври 2012 во однос на просекот за 2012 година изнесува 3,1%. Наведениот процент се користи за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за месец Октомври 2012 година која е потребно да се плати најдоцна до 15 Ноември 2012 година.
Потсетуваме дека даночните обврзници на данок на добивка немаат обврска да доставуваат образец “МДБ“ до УЈП. Месечните аконтации на данокот на добивка се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс ДБ за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.
Соопштение на ДЗС за цени на мало за месец Октомври 2012 година