Во однос на пополнувањето и доставување на Годишниот прашалник за контрола на квалитет од страна на сметковоствените бироа (друштва за вршење на сметководствени работи, ТП Овластени сметководители и ТП сметководители), Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го дава следното соопштение:
Почитувани членови,
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ги потсетува правните лица кои сè уште не го доставиле пополнетиот прашалник за контрола на квалитет, електронски до ИСОС, дека согласно член 46 став 3 од Законот за вршење сметководствени работи, оваа обврска треба да ја исполнат најдоцна до 31.03.2025 година.
Инаку, прашалникот во декември 2024 година беше доставен до 2087 правни лица со лиценци за вршење сметководствени работи. Досега, 436 правни лица го имаат пополнето прашалникот, на кои им упатуваме благодарност за нивната ажурност.
Контролата на квалитетот на сметководствените услуги претставува темелен преглед на состојбите во професијата. ИСОС, согласно своите надлежности, ќе обезбеди стручна поддршка на правните лица преку насоки и упатства за надминување на евентуално утврдените недостатоци, како и за справување со тековните предизвици во нивното работење.
Сите ваши прашања поврзани со процесот на контрола на квалитет, ве молиме да ги упатите преку е-пошта на: komisija.isos@isos.com.mk. Стручните служби по електронски пат ќе ви достават одговор на сите ваши прашања и барања за информации во рок од 48 часа од добивањето на барањето
Скопје, 27.03.2025 година
Со почит,
ИСОС