+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Поднесување на годишна сметка за 2012 година во електронска форма ON LINE

Како што Ве известивме на нашите советувања во Декември, годишната сметка за 2012 година нема да може да се поднесува во електронска форма на USB, дискета или ЦД, што како пракса се применуваше минатата година. Доставувањето на годишната сметка за 2012 година може да биде ислучиво во хартиена форма или ON LINE.

 

За таа цел во Службен весник на РМ, број 7 од 2013 година објавен е Правилник за начинот и условите за поднесување на годишната сметка во електронска форма кој се применува од 12 јануари 2013 година. Со Правилникот се пропишуваат начинот и условите за поднесување на годишната сметка во електронска форма ON LINE, за субјектите кои сметководството водат согласно Законот за трговските друштва и усвоените меѓународни стандарди за финансиско известување и усвоениот меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти.

 

Поднесувањето на годишната сметка во електронска форма можат да го извршат преку интернет, на веб-локација на Централниот регистар на Република Македонија (https://e-submit.crm.com.mk) за што на подносителите ќе им се одобри пристап до Системот за електронско поднесување на годишни сметки со користење на единствено корисничко име и лозинка.

 

За поднесување на годишната сметка во електронска форма субјектите треба да поседуваат:

 

  • валидна адреса на електронско сандаче за примање и праќање на електронска пошта;
  • квалификуван дигитален сертификат (токен), заради потврда на идентитетот на подносителот и електронски потпис на лицата овластени за потпишување на годишната сметка и
  • платежна картичка наменета за интернет трговија поддржана од Саѕуѕ интернационален картичен систем.

 

Поднесувањето на годишната сметка во електронска форма ќе се врши со користење на единствено корисничко име и лозинка за пристап до Системот и со директно пополнување на обрасците на билансните шеми во електронска форма.

 

Годишната сметка во електронска форма се поднесува доколку истата е електронски потпишана со валиден квалификуван дигитален сертификат (токен) на лицата овластени за потпишување на годишната сметка  и податоците во обрасците на билансните шеми од годишната сметка се пополнети согласно прописите за сметководство, а за нејзиниот прием се доставува електронска порака до подносителот.

  • Објавено на: 16/01/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.