Прашањата врзани за начинот на пресметување и плаќање на износот на месечната аконтација на данокот на добивка се уредени со одредбите на член 40 од Законот за данокот на добивка (“Службен весник на РМ” бр. 80/93… 13/14) и членовите 10 и 11 од Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и спречување на двојното ослободување или двојното оданочување (“Службен весник на РМ” бр. 173/11).
Во отсуство на поблиски толкувања за начинот на пресметување и плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка, со овој текст сакаме да Ве потсетиме на законските одредби кои ги уредуваат прашањата врзани за начинот на пресметување и плаќањето на аконтациите на данокот на добивка за 2014 година.
МСФИ НАПИС: Плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2014 година (ПРЕЗЕМИ НАПИС)