Упатство
Чекор 1 - Регистрација
Најпрво пополнете пријава за посета на онлајн обуки. Регистрацијата е стандардна, со сите стандардни информации кои се потребни за ажурна евиденција на вашето присуство. Кликнете на „Регистрација“ од менито за да пристапите во делот на пријавата.
Важна напомена: Со една емаил адреса може да се регистрира еден корисник/слушател; Ве молиме не користете една иста емаил адреса за повеќе корисници/слушатели!
Чекор 2 - Потврда за успешна регистрација
Со пополнувањето и испраќањето на пријавата автоматски ќе Ви бидат испратени две емаил пораки (секогаш проверувајте го спам сандачето доколку не сте ги добиле емаил пораките), од кои едната се однесува на Вашите податоци кои сте ги внеле при регистрацијата, додека пак, втората емаил порака содржи насоки и упатство за приклучување на онлајн КПУ обуката.
Чекор 3 - Најава и следење на обука
-На пријавената емаил адреса ќе Ви биде доставен линк за приклучување (на еден ден пред избраниот термин) кoj може да го отворите преку било кој прелистувач (препорачуваме Chrome, Firefox, Edge) и не е потребна никаква инсталација на дополнителен софтвер.
Напомена: Линкот е уникатен, односно е изгенериран соодветно на Вашите пријавени податоци и истиот важи исклучиво само за Вас.
-Откако ќе го отворите линкот Ви се појавува порака дека се е спремно и кликнувате на копчето I’m ready.
Со овој чекор веќе сте вклучени на онлајн КПУ обуката.
Напомена: За следење на оn line КПУ обуката на МСФИ Консалтинг не е потребно да имате уред со камера. On line советувањето може да се следи со било каков електронски уред (десктоп компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон) со стандардна интернет конекција и на кој може да се следат видео содржини.
Чекор 4 - Прашања и евиденција
Додека го следите предавањето, во секој момент можете да поставите прашање до предавачите.
Комуникацијата со предавачите, односно можноста за поставување на прашања ќе биде овозможена на едноставен начин со кликнување на линкот „Постави прашање“ кој е содржан во самата емаил порака.
Евиденција – системот автоматски во позадина ја евидентира Вашата активност, односно запишува време на најава и активност на Вашиот профил – податоци кои служат исклучиво за доказ дека сте посетувале онлајн обука, како и за евиденција и генерирање на извештаи потребни за надлежниот Институт.
Останати важни информации:
– секој линк е уникатен и посебен за секој регистриран слушател;
– не е можно повеќе слушатели да следат обука со еден ист линк, односно доколку веќе сте пристапиле на платформата и во меѓувреме некој друг се обиде да пристапи на обуката преку Вашиот линк, се појавува порака дека истиот е веќе активен и не е можно дополнително вклучување. Препорачуваме да не го препраќате и да го користите исклучиво за Вас со вашите регистрирани податоци;
– како и до сега, платформата позадински ја евидентира вашата активност, односно го евидентира времето на приклучување, како и вкупното време додека сте приклучени;
– времето за пауза од 20 минути не е вклучено во евиденцијата за остварени КПУ часови (1 КПУ час = 40 минути);
– за остварување на 8 КПУ часови потребно е да бидете вклучени цело време додека трае онлајн КПУ обуката;
– во случај на повеќе слушатели од една канцеларија потребно е сите да бидат приклучени, додека тонот можете да го оставите вклучен само на еден уред;
– во случај на технички проблеми (прекин на Интернет конекција, струја и сл.), Ве молиме контактирајте не.