+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




Официјално соопштение на УЈП за продолжување на роквите за доставување на ДДВ пријавата и годишните извештаи од персонален данок на доход (ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ)

ujpslikaКако што Веќе Ве известиме, на веб страната на УЈП објавено е и официјално соопштение за пролонгирање на крајниот рок за доставување на ДДВ пријавите до 01.02.2017 година. Исто така се пролонгира и крајниот рок за поднесување на ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ пријавите најдоцна до 07.02.2017 година. Соопштението Ви го презентираме во целост.

Продолжување на роковите за поднесување на ДДВ-04 и Годишните извештаи

Согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека роковите за поднесување на ДДВ-04 пријавата и Годишните даночни извештаи се продолжуваат, и тоа:

  • за ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување 25.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавите ќе се смета 01.02.2017 година.
  • за Годишните извештаи (обрасци ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ), крајниот рок за поднесување 31.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на Годишните извештаи ќе се смета 07.02.2017 година.

Погледни го соопштението (ОТВОРИ)

  • Објавено на: 26/01/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.