+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник

Од 28 Август 2012 година, бензините поскапи за 2,5 денари а дизелот за 1,5 денари

Согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од 28 Август 2012 година зголемени се цените на горивата и тоа бензините поскапуваат за 2,5 денари, а дизел горивата за 1,5 денари по литар.

 

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,45, односно за 2,43 отсто.

 

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 74,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 63 денари за литар.

 

Со одлуката на РКЕ за 1,042 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе се продава за 47,237 денари за килограм.

 

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,07 отсто повисоката просечната цена на сурова нафта во изминатите 14 дена и за 1,16 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

  • Објавено на: 27/08/2012
Print Friendly
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.