- Во Службен весник на РСМ број 37 од 19 февруари 2025 година објавена е Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало (понатаму: Одлука за највисоки цени).
Оваа одлука за највисоки цени влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 20.02.2025 година, а највисоките цени на производите наведени во одлуката ќе се применуваaт до 30 април 2025 година. Највисоките цени на производите наведени во Одлуката се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале во трговијата на големо и трговијата на мало на 1 февруари 2025 година. Тоа се однесува за следните производи:
– бел и полубел леб, векна, индустриски тип од 350 г до 500 г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
– брашно пченично, тип 400 во пакување од 1 кг до 2 кг;
– брашно пченично, тип 500 во пакување од 1 кг до 2 кг;
– трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 л;
– јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 кг и 1,5 кг;
– кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од 300 г до 500 г;
– свежи јајца од кокошка и
– масло за јадење од сончоглед.
Одлуката за највисоки цени за превземање ви ја даваме во продолжение:
- Одлука за највисоки цени (ПРЕВЗЕМИ)
- Одлука за највисоки цени како што е објавена во Службен весник (ПРЕВЗЕМИ)
2. Исто така во Службен весник на РСМ број 38 од 19 февруари 2025 година објавена е Одлуката за посебните услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед (понатаму: Одлука за маржите).
Одлуката за маржите влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ, односно на 20.02.2025 година, а ќе се применува до 30 април 2025 година. Одлуката за маржите за превземање ви ја даваме во продолжение:
- Одлука за ограничување на бруто профитната маржа на одделни трговски стоки во трговијата на големо и мало (ПРЕЗЕМИ)
- Одлука за ограничување на бруто профитната маржа на одделни трговски стоки во трговијата на големо и мало како што е објавена во Службен весник (ПРЕЗЕМИ)
Со Одлуката за маржите ограничени се највисоките бруто профитни маржи на следниот начин:
- Највисоката бруто профитна маржа за стоките наведени во Одлуката од точка 1) до точка 8) за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 5 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 5 % во трговијата на мало.
- Највисоката бруто профитна маржа за стоките наведени во Одлуката од точка 9) до точка 64) за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 10 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 10 % во трговијата на мало.
- Највисоката бруто профитна маржа за стоките наведени во Одлуката од точка 65) до точка 102) за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 15 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 15 % во трговијата на мало.
На трговците на мало за кои самите го извршиле увозот им се признаваат и 5% оперативни трошоци за направениот увоз.
Трговците за вршење дејност трговија на мало имаат обврска стоките наведени во Одлуката, да ги прибавуваат и продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од количината прибавена во месец јануари 2025 година. Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска стоките наведени во одлуката, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец јануари 2025 година.
Трговците за вршење дејност трговија на мало стоките oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе”, кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд.
Преземи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе” (ПОВЕЌЕ)
Во продолжение ви ги даваме трговските стоки за кои се ограничени бруто трговските маржи:
- Стоки за кои највисоката бруто профитна маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 5 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 5 % во трговијата на мало:
1) бел и полубел леб, векна, индустриски тип од 350 г до 500 г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
2) брашно пченично, тип 400 во пакување од 1 кг до 2 кг;
3) брашно пченично, тип 500 во пакување од 1 кг до 2 кг;
4) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 л;
5) јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 кг и 1,5 кг;
6) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од 300 г до 500 г;
7) свежи јајца од кокошка;
8) масло за јадење од сончоглед;
- Стоки за кои највисоката бруто профитна маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 10 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 10 % во трговијата на мало:
9) масло (путер), индустриски произведен, во пакување од 250 г;
10) маргарин (обичен), во пакување од 250 г;
11) шеќер кристал бел;
12) ориз бел, во пакување од 900 г до 1 кг;
13) печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
14) бисквити, „Petit Beurre” и бисквити обични од 300 г до 500 г;
15) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица) без и со јајца од 500 г (без додатоци);
16) месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел (свежо и замрзнато);
17) месо јунешко со коски (свежо и замрзнато);
18) месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел (свежо и замрзнато);
19) месо, свинско со коски (свежо и замрзнато);
20) мелено месо јунешко и мешано;
21) јагнешко месо;
22) пиле (свежо и замрзнато) цело;
23) пилешки стек (свеж и замрзнат);
24) пилешки копан со надкопан (свеж и замрзнат);
25) пилешки копан (свеж и замрзнат);
26) пилешки надкопан (свеж и замрзнат);
27) салама, шункова во пакување од 300 г до 900 г (без слајс пакување);
28) чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
29) чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
30) пилешка посебна саламa во пакување од 300 г до 900 г (без слајс пакување);
31) паштета од џигер и пилешка (кокошја), во пакување од 95 г и 100 г (без додатоци);
32) замрзната риба Ослиќ;
33) свежа риба пастрмка;
34) свежа риба крап;
35) павлака од кравјо млеко, кисела, со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 г до 400 г;
36) урда;
37) традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
38) традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
39) традиционално овчо бело сирење (без додатоци);
40) традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
41) традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
42) зеленчук замрзнат (балканска мешавина), во фолија од 400 г и 450 г;
43) зеленчук замрзнат (златна мешавина), во фолија од 400 г и 450 г;
44) зеленчук замрзнат – пченка, во фолија од 400 г и 450 г;
45) зеленчук замрзнат – грашок, во фолија од 400 г и 450 г;
46) зеленчук замрзнат – боранија, во фолија од 400 г и 450 г;
47) зеленчук замрзнат – брокулa во фолија од 400 г и 450 г;
48) зеленчук замрзнат – спанаќ во фолија од 400 г и 450 г;
49) грашок, конзервиран, во пакување од 400 г и 450 г;
50) ајвар од печени пиперки, тегла од 550г до 660 г;
51) краставички, конзервирани, тегла oд 680 г до 720 г;
52) печурки маринирани (сецкани), тегла до 720г;
53) маслинки, црни;
54) џем и мармалад;
55) чоколадо млечно обично, во пакување од 80 г до 100 г;
56) кечап;
57) томато сoс;
58) мајонез;
59) зачин (вегета, зачинал и сл.);
60) кафе, пржено, мелено, во пакување од 100 г до 200 г;
61) сок кашест (матен) овошен, од разно овошје, во тетрапак од 1 л, 1,5 л и 2 л ;
62) безалкохолни газирани пијалоци (Кока кола, Пепси, Фанта, Швепс битер лемон, Синалко, Газоза, Миринда и сл.) во пакување од 1,25 л, 1,5 л, 1,75 л и 2 л;
63) пиво светло во шише и лименка од 0,5 л;
64) вино бело, црвено и розе во пакување од 0,75 л и 1л;
- Стоки за кои највисоката бруто профитна маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 15 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 15 % во трговијата на мало
65) јаболка;
66) лимони;
67) портокали;
68) мандарини;
69) банани;
70) исчистени ореви;
71) грав;
72) кромид;
73) компири;
74) моркови;
75) спанаќ;
76) зелка;
77) краставици;
78) лук;
79) тиквици;
80) домати;
81) пиперки;
82) карфиол;
83) модар патлиџан;
84) леќа;
85) магдонос;
86) брокула;
87) праз;
88) урми сушени;
89) смокви сушени;
90) паста за заби;
91) гел за туширање (машки и женски) од 250 мл;
92) шампон од 400 мл до 800 мл;
93) влажни марамици;
94) тоалетна хартија (двослојна и трослојна);
95) хигиенски влошки;
96) пелени детски, стандардни;
97) бебешки/детски кашички во пакување од 100 г до 200 г;
98) бебешки/детски сок од 125 мл до 200 мл;
99) детергент за машинско перење на алишта од 3 кг;
100) детергент за рачно перење на садови од 400 мл до 500 мл;
101) сапун од 80 г до 100 г и
102) течен сапун.