+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




НБРМ ја објави референтната стапка за казнената камата за периодот од 1 јули 2012 до 31 декември 2012 година

Согласно Одлуката на НБРМ број 5631 од 29.06.2012 година референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата за долг во денари за периодот од 1 Јули 2012 до 31 Декември 2012 година изнесува 3,75 % што е намалување во однос на претходниот период кога изнесуваше 4%.

 

Согласно наведеното висината на стапката на казнената камата кај денарските долгови за трговци и лица на јавното право во периодот од 1 Јули 2012 до 31 Декември 2012 година изнесува 13,75%, додека за граѓани висината на казнената камата изнесува 11,75%.

 

Висината на стапката на казнена камата кога долгот е изразен или определен во странска валута врз основа на податокот за едномесечниот Euribor кој на крајот на крајот од првото полугодие 2012 година изнесува 0,373% за трговци и лица на јавното право во периодот од 1 Јули 2012 до 31 Декември 2012 година изнесува 10,373%, додека за граѓани висината на казнената камата изнесува 8,373%.

 

Потсетуваме дека Висината на стапката на казнената камата кај денарските долгови се определува за секое полугодие и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на НБРМ (референтна стапка), што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за:

 

  • 10 (десет) процентни поени во трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право, односно
  •  зголемена за 8 (осум) процентни поени во договорите во кои барем едното лице не етрговец (законска казнена камата).

 

Кога долгот е изразен или определен во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секое полугодие, и тоа во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за:

 

  • 10 (десет) процентни поени во трговските договори и договорите помеѓу трговци и лицана јавното право, додека
  •  во договорите во кои барем едното лице не е трговец се зголемува за 8 (осум) процентни поени
  • Објавено на: 07/07/2012
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.