+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
  • .

  • .

  • Област

Пронајдени се 2237 резултати
Страна 4 од 224


Придружено друштво е правно лице во кое друго правно лице остварува учество во донесувањето на и управувањето со финансиските и деловни политики и одлуки на другото правно лице, меѓутоа не го контролира тоа правно лице. Учеството претставува директно или индиректно поседување на најмалку 20% до 50% од вкупниот број на акции или удели. Повеќе за сметководствениот и даночниот третман на вложувањата во придружени друштва и примена на методата на главнина при изготвување на годишнатa сметка и финансискитe извештаи за 2023 година може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи….

Објавено на 20/02/2024




Во време на изготвување и доставување на годишните сметки за 2023 година, често поставувано прашање поврзано со новооснованите друштва во 2023 година е на кој начин во Билансот на состојба треба да се искаже податокот за запишан а неуплатен капитал. Повеќе во врска со начинот на сметководствено евидентирање на запишаниот а неуплатен капитал при основање на трговско друштво може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Објавено на 16/02/2024




Со кликнување на повеќе може да ги видите коефициентите на МДБ за 2024 година…

Објавено на 14/02/2024




Податокот за процентот на МДБ за аконтацијата за данок на добивка за месец јануари 2024 е позитивен и изнесува 7,0%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец јануари 2024 година која треба да се плати до 15 февруари 2024 година…

Објавено на




Во овој период на годината актуелни се прашањата за резултатите од работењето на друштвата и данокот на добивка кој друштвата ќе треба да го платат за фискалната 2023 година. Со кликнување на повеќе може да го преземете написот во кој низ повеќе примери се осврнуваме на даночниот третман од аспект на данокот на добивка на одделни видови на трошоци во 2023 година со посебен осврт на: расходите кои не се поврзани со вршење на дејноста на субјектот односно не се непосреден услов за извршување на дејноста и не се последица од вршењето на дејноста; скриени исплати на добивки; трошоци по основ на камата по кредити кои не се користат за вршење на дејноста на обврзникот; даноци по задршка (одбивка) исплатени во име на трети лица кои се на товар на трошоците на даночниот обврзник; трошоци за нето износот на примањата по основ на деловна успешност над износот на кој се пресметани придонеси согласно со закон; трошоци за исправка на вредноста на ненаплатени побарувања и износ на камати на заеми добиени од содружници или акционери – нерезиденти со најмалку од 20% учество во капиталот (тенка капитализација)…

Објавено на 13/02/2024




Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи Ви даваме комплетен пример за Изготвување на извештајот за промените во главнината за 2023 година, како и образложенија поврзани со составувањето на извештајот.

Објавено на 12/02/2024




Со кликнување на повеќе може да ги симнете потврдите за даночен резидент за 2024 година за целите на задржан данок на добивка…

Објавено на 09/02/2024




Извештајот за промени во главнината дава информации за сите промени во главнината кои настанале во текот на годината, како резултат на разни трансакции кои се вршат во склоп на работењето на друштвото, промени кои произлегуваат од компонентите на останатата сеопфатна добивка (ревалоризација на долгорочни средства, објективна вредност на финансиските средства расположливи за продажба и друго) како и одредени промени кои се резултат на ретроактивна примена на сметководствените политики и корекција на грешки, согласно МСС 8 Сметководствени политики, промени на сметководствени проценки и грешки. Извештајот за промените во главнината ги објаснува промените во главнината помеѓу два периоди на известување, кои се прикажани во Извештајот за финансиската состојба. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи Ви даваме комплетен пример за Изготвување на извештајот за промените во главнината, како и образложенија поврзани со составувањето на извештајот…

Објавено на 08/02/2024




Excel алатки за составување на Годишната сметка за 2023 година за профитни друштва, непрофитни субјекти, буџетски корисници, ТП и СВД

Објавено на 07/02/2024




Со клинување на повеќе може да преземете Обрасци, Одлуки и други корисни документи поврзани со изготвување на годишна сметка за 2023 година за профитни друштва…

Објавено на


Страна 4 од 224
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.