+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Обврска на правните лица кои имаат лиценца за вршење на сметководствени работи за доставување на документи до ИСОС до 31 јануари 2023 година

Согласно член 32 став 9 од Законот за вршење на сметководствени работи (Службен весник на РСМ бр. 173/2022) правните лица со лиценца за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари 2023 година да достават во ИСОС:

  • список на лица вработени со нивните звања, со нивен регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар во ИСОС и
  • доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност.

Напомена: Годишното осигурување при вршење на сметководствени работи согласно член 32 став 2 точка 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РСМ, бр. 173/2022) став и тоа за: трговец поединец – сметководител, износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан; трговец поединец – овластен сметководител на износ од минимум 10.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан.

Новата адреса на ИСОС е: Кеј 13. Ноември кула 2/8, ГТЦ, Центар, Скопје – Главна дирекција на ГТЦ.

Закон за вршење на сметководствени работи – Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 173/22 (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 30/01/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.