+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Објавени поединечните листи по подружници на сметководители и овластени сметководители кои ќе можат да гласаат на изборите за органи на ИСОС на 11 април 2023 година (вторник)

Почитувани колеги

На веб страната на Институтот на сметководители и овластени сметководители се објавени поединечни листи на комплетно ажурирани сметководители и овластени сметководители по подружници кои ќе можат да гласаат. Подружниците каде се запишани сметководителите и овластените сметководители се следните:

Листите на сметководители и овластени сметководители по подружници може да ги отворите на следниот линк (ОТВОРИ)

Согласно Правилникот за начин на спроведување избори и согласно член 73 од Законот за вршење на сметководствени работи секој активен член со потполно ажурирани податоци ќе може да има право да гласа.

За членови на Собранието на ИСОС секој член гласа за претставници пријавени од својата подружница. Кандидатите за членови на Собранието на ИСОС може да ги погледнете на следниот линк (ОТВОРИ)

За членови на Надзорен одбор, Управен одбор и Претседател на Институтот, гласаат сите членови кои ќе бидат објавени на веб страната  како активни членови со потполни ажурирани податоци,  односно член кој e ажуриран, а нема пополнето комплетни податоци за работодавач, нема да може да гласа.

  • Кандидатите за Претседател на ИСОС може да ги погледнете на следниот линк (ОТВОРИ)
  • Кандидатите за членови на Управен одбор може да ги погледнете на следниот линк (ОТВОРИ)
  • Кандидатите за членови на Надзорен одбор може да ги погледнете на следниот линк (ОТВОРИ)

Како ќе се спроведува гласањето на е-изборите на ИСОС закажани за 11 април 2023 година (вторник), од 12 до 13 часот ?

Според членот 32 од Правилникот за начинот на спроведување на изборите во Институтот на сметководители и овластени сметководители и согласно член 73 од Законот за вршење сметководствени работи гласањето ќе се одвива по електронски пат на 11 април 2023 година.

Гласањето ќе биде отворено во траење од 60 минути и истото ќе се спроведува на следниот начин:

  • сите членови на ИСОС со право на глас во периодот од 12 часот до 13 часот на 11 април 2023 година ќе добијат на нивните пријавени е-маил адреси ЛИНК преку кој ќе се поврзат на посебна платфирма за гласање со ЛОЗИНКА за најавување.
  • лозинката за најавување е со валидност од 60 минути,
  • по искористување на правото на глас, лозинката повеќе не е валидна
  • секој член има право на еден глас за секој од органите.

На веб страната на ИСОС ќе биде ибјавено Упатство за гласање со кое ќе се појасни начинот на гласање.

Согласно известување на ИСОС од 27 март 2023 година после извршеното електронско гласање на 11 април 2023 година (вторник), следниот ден на 12 април 2023 година (среда) треба да се одржи Конститутивна седница на Собранието на ИСОС во хотел ХОЛИДЕЈ ИНН, Скопје (почеток во 13 часот). Известување на ИСОС за Конститутивното седница на Собранието на ИСОС може да го отворите на следниот линк (ОТВОРИ)

Почитувани колеги

Изборите кои следат треба да бидат транспарентни и гласањето да биде независно и по сопствен избор.

Ве повикуваме сите да го искористиме своето право и да избереме органи на ИСОС кои ќе работат во интерес на сметководствената професија и ќе го унапредат професионалниот и материјалниот статус на сите колеги сметковидители и овластени сметководители членови на ИСОС.

Со почит

МСФИ Консалтинг

  • Објавено на: 05/04/2023
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.