+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Вести: Објавена Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи до 10% во трговијата на големо и трговијата на мало

Во Службен весник на РСМ број 196 од 23 септември 2024 година објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Со одлуката највисоката бруто профитна маржа за стоките наведени во Одлуката за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 10% во трговијата на големо и во вкупен износ до 10% во трговијата на мало.

Одлуката влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ (на 24.09.2024 година), а ќе се применува до 31 октомври 2024 година.

Во листата на производи на кои се ограничува маржата во трговијата на големо и мало спаѓаат:

1) ориз бел во пакување од 900г до 1кг;
2) брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450г (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4) печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
5) бисквити, “Petit Beure” и бисквити обични од 300гр до 500 гр;
6) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица без и со јајца од 500 гр (без додатоци).;
7) масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 литар;
8) месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
9) месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
10) пиле (свежо и замрзнато) цело;
11) пилешки стек (свеж и замрзнат);
12) салама, шункова во пакување од 300гр до 800гр (без слајс пакување);
13) чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
14) чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
15) пилешка посебна саламa во пакување од 300гр до 800 гр (без слајс пакување);
16) паштета од џигер и пилешка (кокошја), во пакување од 95гр и 100 гр (без додатоци) ;
17) замрзната риба Ослиќ;
18) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост 2,8%, 3,2% и 3,5% во пакување од 1 литар;
19) јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2% во пакување од 1 литар;
20) кисело кравјо млеко (обично без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 % во пакување од 400гр до 500 гр;
21) павлака од кравјо млеко, кисела со масленост од од 12% до 20% во пакување од 180гр до 400 гр;
22) урда;
23) традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
24) традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
25) традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
26) традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
27) свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
28) масло ,(путер), индустриски произведен, во пакување од 250 гр. ;
29) маргарин, (обичен), во пакување од 250 гр;
30) јаболка;
31) праски;
32) грозје трпезно;
33) лимони;
34) портокали;
35) банани;
36) исчистени ореви;
37) грав;
38) кромид;
39) компири;
40) моркови;
41) спанаќ;
42) зелка;
43) краставици;
44) корнишони;
45) лук;
46) тиквици;
47) боранија;
48) домати;
49) пиперки;
50) карфиол;
51) тикви;
52) модар патлиџан;
53) леќа;
54) магдонос;
55) брокула;
56) праз;
57) зеленчук замрзнат (мешавина) во фолија од 450 гр;
58) зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450 гр;
59) зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450 гр;
60) боранија замрзната, во фолија од 450 гр;
61) маслинки, црни;
62) грашок конзервиран во пакување од 400 гр;
63) ајвар од печени пиперки, тегла до 660 гр;
64) краставички, конзервирани, тегла до 720 гр;
65) печурки маринирани (сецкани), тегла до 720 гр;
66) шеќер кристал бел;
67) џем и мармалад;
68) чоколадо млечно обично, во пакување од 100 гр;
69) кечап;
70) мајонез во тегла од 660 гр;
71) зачин (вегета, зачинал и слично);
72) кафе, пржено, мелено, во пакување од 200гр и;
73) сок кашест (матен) овошен од разно овошје во тетрапак од 1 литар.

Трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд.

Исто така, трговците на големо и трговците на мало ќе имаат обврска за да ги прибавуваат и продаваат во месечни количини од најмалку 70% од прибавените количини во месец август 2024 година од овие производи на листата.

Напомена: Tрговците на кои се однесува оваа Одлуката имаат обврска да ги променат цените на производите чија цена не е усогласена со Одлуката и да изготват Извештај за промена на цени. Имајќи го предвид фактот дека Одлуката не содржи тарифни ознаки од Царинската тарифа оваа Одлука ќе се примени според тровските називи на наведените стоки/производи.

Одлуката влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ (на 24.09.2024 година), а ќе се применува до 31 октомври 2024 година.

Со кликнување подолу на преземи може да ја симнете Одлуката:

  • Објавено на: 23/09/2024
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.