Во Службен весник на РСМ број 202 од 27.09.2023 година објавена е измена на Одлуката на Владата за намалување на цените на одделни производи и стоки која беше претходно беше објавена на 19 септември 2023 година во Службен весник на РСМ број 195/2023.
Со измената наместо под 1 август 2023 година се пропишува дека највисоките цени на ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg и свежи јајца од кокошка се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), кои се применувале на 1 септември 2023 година, во трговијата на мало и истите се намалуваат најмалку за 10%.
Исто така со измената на Одлуката престанува обврската на трговците на мало да ја намалат малопродажната цена на свежото овошје и на свежиот зеленчук.
Измената на Одлуката влегува во примена на 28.09.2023 година.
Ве потсетуваме дека претходно во Службен весник на РСМ број 195 од 19 септември 2023 беше објавена Одлука на Владата со која се намалија цените на повеќе прехранбени и земјоделски производи. Со оваа Владина Одлука беше пропишано трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните производи/стоки:
1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg (со измената се намалува малопродажната цена која трговците на мало ја имале на 1 септември 2023 година);
2) брашно пченично тип 400 и тип 500;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4) други пекарски производи;
5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g;
6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;
7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;
8) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
10) мелено месо свинско и јунешко;
11) пиле свежо или замрзнато (цело);
12) пилешки стек свеж или замрзнат;
13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;
14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);
15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;
16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l;
18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g;
19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g;
20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
22) свежи јајца од кокошка (со измената се намалува малопродажната цена која трговците на мало ја имале на 1 септември 2023 година);;
23) свежо овошје (избришано со измената на Одлуката објавена во 202/2023 од се применува од 28.09.2023 година)
24) свеж зеленчук (избришано со измената на Одлуката објавена во 202/2023 од се применува од 28.09.2023 година)
ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, највисоките цени на погоре наведените производи/стоки се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%. Исклучок со измената на Одлуката објавена во Службен весник на РСМ број 202/2023 е за оризот бел, во пакување од 900 g до 1kg и за свежи јајца од кокошка за кои се намалуваат за 10% од цените кои се применувале во трговијата на мало на 1 септември 2023 година.
Трговците на мало се должни погоре наведените производи/стоки кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „ГАРАНТИРАНА ЦЕНА”, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за економија.
Трговците за вршење дејност ПРОИЗВОДСТВО И ДЕЈНОСТ ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО, за погоренаведените производи/стоки одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот за вршење дејност трговија на мало, во висина до 5%. Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска погоре наведените производи/стоки, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година.
Оваа Владина Одлука ќе се применува до 30 ноември 2023 година.
Со кликнување подолу на преземи може да го симнете преистениот текст на Одлуката и натписот Гарнтирана цена.