+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



МСФИ Советување – Online работилница ОКТОМВРИ 2020

Почитувани колеги

Во неможност за ваше физичко присуство почнувајќи од месец Октомври 2020 година МСФИ Консалтинг како акредитирано друштво за континуирано професионално усовршување на сметководители и овластени сметководители започнува со организирање на online едукативни советувања со цел професионална едукација за новините во законските прописи.

Овластениот сметководител денес, во услови на пандемија и економска криза предизвикана од Корона вирусот е соочен со сериозен професионален предизвик. Тој е обврзан сопственото стручно знаење и професионален квалитет секојдневно да го докажува преку способноста да изготвува точни даночни извештаи за потребите на Управата за јавни приходи но и објективни финансиски извештаи за потребите на менаџментот, сопствениците и други засегнати страни во согласност со применливата рамка на финансиско известување. Во Република Македонија таа применлива рамка за финансиско известување се Меѓународните сметководствени стандарди (МСС), односно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Вистински одговор на овој предизвик со кој е соочена професијата е постојана едукација и стручно усовршување согласно промените кои се случуваат во законската и професионалната регулатива.

Од тие причини МСФИ Консалтинг, Ве поканува на советување за единствена примена на законските прописи, како и за новините во прописите чија примена е во најава и кои ќе се однесуваат на годишната сметка за 2020 година.

Советувањето ќе се одржи online преку единствена апликација едноставна за користење и прилагодена на потребите на учесниците на советувањето. Присуството на учесниците на советувањето ќе биде уредно евидентирано и секој учесник ќе добие потврда за помината обука за професионално усовршување во МСФИ Консалтинг.

На секој учесник на советувањето по електронски пат ќе му биде испратен и Прирачник од советувањето.

За термините и програмата на советувањето дополнително ќе бидете известени.

До колку сте заинтересирани да ги следите обуките кои МСФИ Консалтинг ќе ги организира во текот на месец Октомври 2020 година, а заради ограничениот број на учесници на советувањето и со цел обезбедување на уредна евиденција за вашето присуство и остварените часови, Ве молиме најдоцна 5 дена пред почетокот на online советувањето да се регистрирате на веб страната на МСФИ Консалтинг (www.msfi.com.mk) и да извршите уплата на надоместокот. Пристап на советувањето и потврда за присуство ќе добијат само учесниците со уредна пријава и уплатен надоместок.

Почитувани колеги,

На крајот сакаме да Ве поздравиме, да Ви посакаме успех во online обуките кои ќе ги организира МСФИ Консалтинг и да Ви ветиме дека вредно како и досега ќе продолжиме да работиме се со цел да ја оправдаме вашата доверба.

Со почит

МСФИ Консалтинг

  • Објавено на: 06/10/2020
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.