+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ Напис: Објавено даночното намалување (личното ослободување) при пресметка на платите во 2025 година

Даночно намалување е износ за кој се намалува даночната основа при пресметка на данок на личен доход и тоа при аконтативно пресметување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата (со поднесување на МПИН пресметка) и пензија или при годишно пресметување на данок на доход.

Прашањето на користење на даночното намалување при пресметување на данок на личен доход на приходите кои ги остваруваат физичките лица се уредува со:

  • Законот за данок на личен доход (“Службен весник на РМ” број 241/18…274/22)
  • Даночното намалување (утврдено во член 10 став 2 од Законот за данокот на личен доход, за 2025 година на годишно ниво, изнесува 123.240,00 денари.
  • Даночното намалување по основ на плата, надоместок на плата и пензија во 2025 година месечно се утврдува во износ од 10.270,00 денари (една дванаестина од објавеното годишно даночно намалување).

Даночното намалување за 2025 година е објавено во Службен весник на РСМ број 271/2024 година.

Со кликнување подолу може да го преземете написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на новото лично ослободување кое работодавачите ќе го применуваат при пресметка на платите во 2025 година. Исто така Ви го даваме и соопштението за новото лично ослободување за 2025 година.

  • Објавено на: 29/12/2024
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.