+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Владата на Република Северна Македонија издаде известување кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани…

Со Законот за работните односи, со посебни одредби се утврдува постапката за откажување на договорот од деловни причини и се утврдуваат одделни права и обврски за работодавачот и за работникот на кој му престанува работниот однос поради деловни причини. Со кликнување подолу на преземи може го симнете Написот во кој низ примери се осврнуваме на нормативниот, даночниот и сметководствен третман на отказот на договорот за вработување од деловни причини – технолошки вишок во 2020 година.

Во Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година беше објавена Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба. По однос на примeната на оваа одредба, Фондот за здравствено осигурување издаде соопштение од 06.04.2020 година кое Ви го презентираме во целост:..

Во Службен весник на РСМ број 93 од 07.04.2020 објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Финансиската поддршка се однесува за сите работодавачи од приватниот сектор кои вра-ботуваат работници врз основа на договор за вработување, физичко лице кое вработува работници врз основа на договор за вработување и работодавач корисник, согласно со Законот за приватни агенции за вработување. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој подетално се осврнуваме на можноста за користење на оваа поддршка за нето плата од 14.500 денари и текстот на Уредбата…

Во Службен весник на РСМ, бр. 93 од 7.4.2020 година објавена е Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Предмет на финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник, согласно со работното време на кое е пријавен работникот, намалено за работното време за кое се остварува надоместок на плата кој не паѓа на товар на работодавачот….

Важно е дозволите за движење да бидат со нов датум, кој е по 6 април, кога се донесени новите мерки за полициски час. Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи, или надлежното ОВР. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании во времетраење на полицискиот час, потребно е овој образец да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – март 2020 во однос на просекот за 2019 година е негативен и изнесува -0.2%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец март 2020 година која треба да се плати до 15 април 2020 година…

Во Службен весник на РСМ, бр. 92 од 6.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба со која се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, за месеците април, мај и јуни 2020 година…

Во Службен весник на РСМ, бр. 92 од 6.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено- економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19 за времена вонредна состојба. Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка…

Во Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба…

Во Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила со која престанува да важи Уредбата за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредната состојба („Службен весник на Р.С. Македонија“ бр.79/20 и 87/20). Со наведеното од 4 април 2020 година од кога влегува во сила Уредбата се овозможува исплата на дивиденда и на странски содружници, односно на странски акционери кај сите трговски друштва и за време на траењето на вонредната состојба…

Во Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва (“Службен весник на Република Македонија” бр.158/10, 53/11, 112/14, 153/15 и 23/16) за време на вонредна состојба. Одредбите на оваа Уредба ќе се применуваат на договорите и на промените на договорните услови за кредит, гаранции, кредитни картички и преземени побарувања спрема физичките и правните лица, како и спрема солидарните должници и заложните должници врз основа на кредити…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.