+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување на обрасци и плаќање на даночни обврски…

Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе, подетално се осврнуваме на даночниот и сметководствениот третман на финансиската помош која македонските компании ја одобруваат на физичките лица – граѓани за нивно лекување во 2020 година. Исто така се осврнуваме и на начинот на оданочување на физичкото лице на кое по неговото лекување ќе му останат неискористени донирани финансиски средства…

Во Службен весник 107 од 22 април 2020 година објавена е Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба. Со дополнувањето се пропишува во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазарат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. Во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице…

Во написот се осврнуваме на регулативата врзана за донациите во добра, услуги и во парични средства дадени на буџетски корисници за поддршка во борбата против Коронавирусот (Covid 19) со посебен акцент на условите, начинот и постапката за остварување на правата на даночните поттикнувања од аспект на ДДВ и данокот на добивка. Написот може да го симнете со кликнување на повеќе…

Во Службен весник на РСМ, бр. 106 од 21.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за формирање фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот (Covid-19). Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19. За финансирање на Фондот се отвора сметка за донација во рамките на Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат….

Одредбите од оваа уредба се применуваат за поставување на ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало (продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично, за време на траење на вонредната состојба…

Почитувани,Содржината можат да ја видат само претплатници на МСФИ Консалтинг.Доколку сте наш активен претплатник Најавете се за да ја видите оваа содржина.(Доколку не сте претплатник кликнете тука за да се регистрирате и да добиете информации за претлата)

Во Службен весник на РСМ, бр. 103 од 16.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба која влегува во сила со денот на објавување во Службен весник…

Во Службен весник на РСМ, бр. 102 од 14.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба со која се прават измени и дополнувањата на Уредбата објавена во Службен весник на РСМ, бр. 82 од 14.4.2020. Со измените на Уредбата за Законот за ДДВ се ослободува од оданочување со ДДВ: прометот на добра и услуги кои како донација се даваат на буџетски корисник за справување со Коронавирусот Covid-19 како и прометот на добра и услуги извршен кон буџетски корисник заради справување со Коронавирусот COVID 19 кој се плаќа со финансиски средства од примени донации на буџетски корисник…

Во „Службен весник на РСМ“ бр.101/2020 објавен е Правилникот за формата и содржината на годишната даночна пријава за утврдување данок на личен доход, начинот на доставување на годишната даночна пријава од страна на органот за јавни приходи и начинот на потврдување од страна на обврзникот. Правилникот е донесен врз основа на член 95 став (5) од Законот за данокот на личен доход „Службен весник на РСМ“ бр.241/18 и 275/19 и влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”, односно на 15.04.2020 година…

Со Уредбата со законска сила за субвенционирање на социјални придонеси (“Службен весник на РСМ, бр. 92/2020) на работодавачот, за секој осигуреник (вработен), за месеците април, мај и јуни 2020 година, му се субвенционира износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50% од пресметаните придонеси од задолжително социјално осигурување од страна на обврзникот, но најмногу до 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник во Република С. Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавена за месец јануари 2020 година. Со кликнување на повеќе може да го симнете Написот во кој низ практични примери се осврнуваме на финансиската поддршка за субвенционирање на придонеси за месеците април и мај и јули 2020 година.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.