+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ, бр. 113 од 1.5.2020 година објавена е најнова измена на Уредбата со која се врши допрецизирање на одделни прашања поврзани со добивањето на финансиска поддршка. Имено, со измените во член 6, став 2 од Уредбата, се дефинира видот на престанок на работниот однос за кој работодавачот може да го исполни условот од соодветен процент на намалување на бројот вработените заклучно со јули 2020 година во однос на бројот на вработени во месец април 2020 година, а сепак да не го изгуби правото на финансиска поддршка за платите…

Во Службен весник на РСМ, бр. 113 од 1.5.2020 година објавена е Уредба со која се менува Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/2020). Измените на Уредбата Ви ги презентираме во повеќе…

Барањето за финансиска поддршка на работодавач заради исплатата на платите за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) e поставено во системот е-даноци (e-tax) на УЈП во делот: Поднесоци / Дополнителни услуги / Придонеси/БФП-ИП. Потсетуваме дека образецот БФП-ИП треба да се пополни најдоцна до 7-ми Мај 2020 година за добивање на финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за платата за месец април 2020 година. Комплетноста на Барањето го потврдува УЈП, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето. По добивањето на одговор од УЈП, МПИН образецот се поднесува најдоцна до 10-ти во месецот за претходниот месец, а платата и јавните давачки се уплатуваат најдоцна до 15-ти истиот месец.

Врз основа на Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето. Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците април и мај 2020 година (образец БФП-ИП) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој подетално низ примери се осврнуваме на одредбите на новата Уредба за добивање на финансиска поддршка на платите од 14.500 денари за платите за месец април и мај 2020 година…

Со Службен весник на РСМ број 111 од 28 април 2020 година објавена е целосно нова Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од коронавирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година со која престанува да се применува претходната Уредба која беше објавена во Службен весник број 93/20 и 97/20. Предмет на финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник. Новата Уредба влегува во сила на 28 април 2020 година и ќе се однесува за платите за месец април и мај 2020 година.

Со Уредбата со законска сила е определена висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор и на вонредните и ополномоштени амбасадори и генерални конзули на Р.С. Македонија во странство, за време на траење на вонредната состојба („Службен весник на РСМ“ бр. 97/20 и 100/20). Согласно член 3 од Уредбата, на избраните, именувани и назначени лица, за месеците април и мај 2020 година им се исплатува плата во висина на минимална плата утврдена за месец декември 2019 година во РСМ, во износ од 14.500 денари. Со кликнување подолу на преземи може да го симнете Написот во кој се осврнуваме на наведеното…

Во “Службен весник на СРМ”, бр. 108/20, објавена е Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба, која влезе во сила на 24 април 2020 година. Со Уредбата, се продолжува рокот за поднесување на ДДВ пријавата и рокот за плаќање на данокот на додадена вредност…

Со Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ бр. 94/20, 97/20, 103/20 и 108/20), за одделни вработени во јавниот сектор, за време на траењето на вонредната состојба, се ограничува исплатата на додатоци и надоместоци на плата согласно закон и колективен договор. На кои вработени од јавниот сектор се однесува Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, пропишано е во член 1 од Уредбата…

Во Службен весник на РСМ, бр. 108/2020, во сила од 24 април 2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и за забавните игри за време на вонредна состојба со која се уредува можноста за приредувањето на интернет игрите на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб. Право да приредуваат интернет игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб, имаат приредувачите на игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб кои имаат лиценца за приредување на игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб добиена согласно со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Износот на кредит којшто се одобрува од страна на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје е во зависност од бројот на вработени. Кредитобарателот може да аплицира и да му се одобри максимален износ на кредит пресметан по следната формула: 14.500 денари х 3 месеци х број на вработени. Максимален износ на кредит кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде под 184.500 денари. Исклучок од начинот на пресметка на максималниот износ на кредит се: претпријатија до 5 вработени кои може да аплицираат за кредит од 184.500 денари и претпријатија со вработени од 128 до 250 вработени коишто може да аплицираат за кредит за износ до 5.535.000 денари. Бројот на вработени со состојба на 31.01.2020 го потврдува овластеното лице, управител на кредитокорисникот, со Изјава објавена на веб страната на банката.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на правото на работникот на платен одмор како и на неплатено отсуство од работа…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.