+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Владата на Република Северна Македонија ги информира компаниите и граѓаните дека за претстојниот полициски час којшто почнува вечерва во 21:00 часот продолжуваат да важат сите дозволи за движење издадени за време на претходните забрани за движење. Овие дозволи се однесуваат за економските оператори, рестораните и доставувачите на храна, и за маркетите…

Како да извршиме плаќање на искажаната обврска по годишната даночна пријава за 2019 година.

Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе, подетално се задржуваме на случаите кога домашните даночни обврзници/примателите на прометот, односно услугите, извршен од даночни обврзници кои се резиденти во странство, стануваат даночни должници…

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19.

Имавме добиено средства за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година. Сепак по добивањето на средствата согледавме дека не ги исполнуваме условите за финансиска поддршка, односно приходите за месец април 2020 година во однос на просечните приходи по годишна сметка за 2019 година се поголеми од 30%. Ве молам да ни кажете како да ги вратиме парите…

Последиците од пандемијата на коронавирусот ги принудуваат работодавачите на различни начини да го одржат процесот на работа, настојувајќи истовремено да го одбегнат намалувањето на бројот на работниците. Кои можности ги нудат прописите од областа на работните односи во оваа смисла? Тема на овој напис се измена на постојниот договор за вработување и понуда за склучување нов променет договор за вработување пред отказ, како можности кои им се на располагање на работодавачите за ублажување на последиците од пандемијата предвидени во прописите од областа на работните односи…

НБРМ со соопштение бр. 02-14004/1 29 мај 2020 година објави дека референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 јуни 2020 година до 30 јуни 2020 година изнесува 1,5%.

Во Службен весник на РСМ број 141 од 30.05.2020 година објавена е Уредба со законска сила за издавање на ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба. Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на РСМ, односно на 30 мај 2020 година и со неа се уредуваат условите, начинот и постапката на издавање и користење на ваучери за поттикнување на домашниот туризам во услови на намалена економска активност заради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19…

Во Службен весник на РСМ број 140 од 29 мај 2020 година објавена е Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба со која се врши дополнување на одредбите пропишани со претходно донесените Уредби објавени во Службен весник на РСМ број 79 од 26 март 2020 година и во 128 од 18.5.2020 година…

Во Службен Весник на РСМ број 140 од 29 мај 2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба. Имено, со измените на Уредбата се прецизира дека Уредбата за примена на Законот за трговски друштва во вонредна состојба се однесува на: рокот за усвојување на ревидираните финансиски извештаи и рокот за доставувањето на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија…

Во Службен весник на РСМ број 140 од 29 мај 2020 година донесена е Уредба со законска сила за примена на Законот за вршење на сметководствени работи за време на вонредна состојба која ќе се применува за време на траењето на вонредната состојба. Уредбата се однесува на рокот за исполнување на обврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување (КПУ) за сметководител, односно овластен сметководител, за време на траењето на вонредната состојба…

Во Службен весник на РСМ број 140 од 29 мај 2020 година објавена е Уредба за дополнување нa уредбата co законска сила за примена нa Законот за донации и за спонзорcтва вo јавните дејности за време на вонредна состојба која беше претходно објавена во Службен весник на РСМ број 103 од 16 април 2020 година. Со дополнувањето се пропишува дека одредбите на Уредбата од 16 април 2020 година ќе се применуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанувањето на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година.

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.