+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ, број 169 од 22 јуни 2020 година објавена е измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (“Службен весник на РСМ”, број 137/20, 14/20, 151/20, 156/20 и 157/20). Измената на Уредбата се однесува на обврските на трговците околу обележувањето на македонските производи кои можат да се купуваат со домашна платежна картичка и се додаваат нови дејности за кои може да се плаќа со домашна платежна картичка.

Со одредбите на членовите 51 до 54 од Законот за данок на личен доход се дефинира даночниот третман на приходите од закуп и подзакуп. Согласно член 51 од Законот, под доход од закуп и под закуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и под закуп на недвижен и подвижен имот. Даночната основа за доходот од закуп и подзакуп е дефинирана во член 53 од Законот каде е наведено дека даночна основа претставува бруто – доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот. По исклучок даночна основа за пресметување на данокот од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто – доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот.

Со Законот за данок на добивка пропишан е ваучер систем како мерка за поттикнување на развојот на спортот, согласно кој друштвата имаат право и во 2020 година да користат намалување на данокот на добивка за износот на дадената донација на спортските субјекти најмногу до 50% од пресметаниот данок на добивка. Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој низ повеќе примери се осврнуваме на правото на намалување на пресметаниот данок на добивка по ДБ за 2020 година и правото на намалување на аконтациите кои се плаќаат во текот на 2020 година за дадени донации во спортот…

Во Службен весник на РСМ број 163 од 16 Јуни 2020 година во рамките на Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус Covid-19 објевен е Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

Во Службен весник на РСМ, 159 од објавена е нова Одлука за претседателот на Република С. Македонија за прогласување на вонредна состојба. Со одлуката се утврдува постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија за период од 8 дена, заради подготовка и спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија на Коронавирусот COVID-19. Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија, односно на 15 јуни 2020 година.

Во „Службен весник на РСМ“ број 156 од 12 јуни 2020 година објавени се измени и дополнувањата на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Covid-19 за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ број 92/20). Целта на овие измени е да се овозможи продолжување на финансиската поддршка во износ од 14.500 денари за физичкото лице кое врши самостојна дејност и за месец јуни 2020 година.

Во „Службен весник на РСМ“ број 154 од 10 јуни 2020 година објавени се измени и дополнувањата на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година („Службен весник на РСМ“ број 111/20 и 113/20). Овие измени на Уредбата влегуваат во сила со денот на објавувањето во Службен весник односно на 10 јуни 2020 година.

На веб страната на Министерството за економија објавен е јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост COVID 19 периодот…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈУНСКИОТ број од 2020 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Во Службен весник на РСМ број 153 од 9 јуни 2020 година објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост Covid 19 периодот. Финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план на корисниците на финансиската поддршка. Максималниот износ на финансиска поддршка зависи од остварените приходи на компаниите по годишната сметка за 2019 година и тој износ се движи од 40.000 евра до 200.000 евра.

Иако согласно позитивните законски прописи преносот на градежно земјиште е правно возможен, сепак во праксата, од причина на сигурност во реализацијата на склучените договори, не се врши пренос на земјиштето и градежниот објект изграден на истото земјиште, туку се склучуваат договори за заедничка градба, а преносот се врши по изградбата. Написот може да го симнете со кликнување на повеќе…

Податокот за процентот на МДБ, односно кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – мај 2020 во однос на просекот за 2019 година е негативен и изнесува -0.4%. Врз основа на наведеното месечната аконтација на данокот на добивка за месец мај 2020 година која треба да се плати до 15 јуни 2020 година…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.