+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу не преземи детално се осврнуваме на одредбите кои се предлагаат да се изменат во Законот за работните односи и во Законот за трговија, со цел да се овозможи неделата да биде неработен ден и исклучоците од ова правило….

Во Службен Весник на РСМ, бр. 151 од 6 јули 2021 година, објавени се два Закона за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот. Во редоследно прво објавениот Закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, кој се применува од 14 јули 2021 година, се менуваат само прекршочните одредби од законот.
Позначајни новини носи редоследно второ објавениот Закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, кој исто така се применува од 14 Јули 2021 година и во кој се пропишани следните законски новини…

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје го објави јавниот повик за бескаматна кредитна линија „Ковид 4“ за субјекти со пад на приходи од најмалку 30% во 2020 година, кои не користеле средства од Мерка 1 – финансиска поддршка на плати за вработените за месец февруари и март 2021 година и не се корисници на кредит од „Ковид 3“…

Собранието на Р.С. Македонија го донесе долго најавуваниот Закон за измени и дополнување на Законот за работните односи (во натамошниот текст:измени на ЗРО), во делот кој го уредува прекинот на работниот однос поради возраст на работникот. Законот е објавен во Службен весник на РСМ број 151 од 6 јули 2021 година и истиот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник, односно на 14 јули 2021 година. Со кликнување на повеќе може да го преземете Написот во кој Ве запознаваме со најновите измени на Законот за работните односи…

Во службен весник на РСМ број 151 од 6 јули 2021 година објавен е Законот за изменување на Законот за данок на добивка. Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република С. Македонија“., односно на 14 јули 2021 година, а измените пропишани во Законот ќе се однесуваат на целата фискална 2021 година…

Имајќи ја предвид посебната важност на правилното утврдување на даночните обврски во постапката на надворешната контрола, а во тие рамки и на “завршниот разговор“ за конечните резултати од контролата, во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на правата и обврските на даночниот инспектор, односно даночниот обврзник во постапката на надворешна / инспекциска контрола, со посебен акцент на “завршниот разговор” во постапката на надворешна контрола…

Даночните обврзници кои користат фискални каси и кои на 30 декември 2020 година ја користеле ознаката „В” за евидентирање на прометот на добра и услуги кој е ослободен од ДДВ, од 1 јули 2021 година, треба да ја користат ознаката „Г” за што треба да извршат надградба на софтверот на фискалните системи на опрема…

Врз основа на одлуката на НБРСМ референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 Јули 2021 година до 31 Декември 2021 година изнесува 1,25% и истата е намалена за 0,25 процентни поени во однос на стапката од претходното полугодие. Повеќе во врска со пресметка на казнената камата може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Со кликнување подолу на повеќе може да го симнете Написот во кој подетално низ примери Ве запознаваме со ангажирањето на практиканти, пресметката на данок на личен доход и придонеси на надоместокот за практиканство и начинот на пополнување на МПИН пријавата во 2021 година. Исто така ви даваме и Урнек на Договор за практикантство, Темплејт за пресметка на данок на личен доход и придонеси на надомест за практиканство и Законот за практиканство…

Во собраниска постапка е Законот за измени и дополнувања на Законот за вработување и работа на странци. Со кликнување на повеќе може да го симнете написот во кој подетално се осврнуваме на предложените законски новини во Законот за вработување на странци…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ЈУНСКИОТ број од 2021 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Правото на годишен одмор е едно од основните уставно загарантирани права од работен однос, кое на работникот му припаѓа независно дали засновал работен однос на неопределено или определено време, со полно или со неполно работно време. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе се осврнуваме на правото на годишен одмор и регрес за годишен одмор за 2021 година и неговиот сметководствен и даночен третман…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.