+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник



Во Службен весник на РСМ број 52 од 9 март 2023 година објавена е Одлука на Владата за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со цитираната Владина одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети). Со Одлука на Владата која е објавена во истиот Службен Весник број 52 од 9 март 2023 година определени се највисоките цени во трговијата на мало на следните производи: трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и јогурт, без додатоци.

Друштвата кои по годишната сметка за 2022 година имаат поднесено даночен биланс – Образец ДБ и кои на полето АОП 40 – Даночна основа, имаат искажано износ со минусен предзнак (негативен износ) имаат остварено ДАНОЧНА ЗАГУБА. Овој износ на даночна загуба друштвата требаше да го искажат на полето АОП 62 од ДБ за 2022 година – Остварена загуба намалена за непризнаените расходи од тековната година која може да се пренесе во наредните три фискални години и да се користи како даночна бенифиција преку намалување на даночната основа во ДБ за 2023, 2024 и 2025 година. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе подетално се осврнуваме на даночната загуба по годишна сметка за 2022 година и правото на пренос во следните 3 фискални години (2023 до 2025)…

Обврската се однесува на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Согласно Одлуката трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да прибавуваат и да продаваат најмалку 80% од леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).

Во Службен Весник на РСМ број 44 од 28 февруари 2023 година објавена е Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел). Согласно одлуката највисоките цени на производите се утврдуваат во висина на цена која изнесува 33 денари по леб со тежина која изнесува 450 грама и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува во висина до 33 денари по леб, која цена ќе биде во сооднос со тежината на лебот. Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, односно од 28 февруари 2023 и ќе се применува до 31 мај 2023 година. Со кликнување на повеќе може да ја симнете Одлуката…

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доход (“Службен весник на РСМ” број 274/2022), од 1 јануари 2023 година се измени даночниот третман на уплатената премија за животно осигурување, уплатенaта премиja за доброволно здравствено осигурување и на уплатениот придонес во доброволен (трет) пензиски фонд. Исто така се измени и даночниот третман на трошокот за уплатена премија за животно осигурување кај самостојните вршители на дејност и трговци поединци при составување на нивниот даночен биланс (образец ДЛД-ДБ) за 2023 година. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе низ примери се осврнуваме на даночниот третман на уплатените премии за животно осигурување, доброволното (приватно) здравствено осигурување и на придонесите во доброволен (трет) пензиски фонд во 2023 година…

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот Февруари 2023 – Март 2023 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 22.02.2023 година…

Со кликнување на повеќе може да го преземете ФЕВРУАРСКИОТ број од 2023 година на еле­ктро­нско­то изда­­ние на списанието МСФИ СОВЕТНИК…

Работното време, должината, распоредот и прераспределбата на работното време и други прашања поврзани со работното време, како и санкциите за непочитувањето на одредбите кои го уредуваат работното време, регулирани се со Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05…288/21). Одредби за работното време содржат и колективните договори (oпштитe колективни договори и колективните договори на ниво на гранка, односно оддел). Повеќе во врска со работното време низ прашања и одговори може да прочитате во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе…

Извештајот за промени во главнината согласно член 476 став 4 од Законот за трговските друштва е дел од сетот на финансиски извештаи заедно со Извештајот за сеопфатна добивка (Билансот на успех), Извештајот за финансиската состојба (Билансот на состојбата) и Извештајот за паричните текови. Во написот кој може да го симнете со кликнување на повеќе Ви даваме комплетен пример за Изготвување на извештајот за промените во главнината во 2022 година, како и образложенија поврзани со составувањето на извештајот…

Со кликнување подолу на преземи може да симнете Алатка за пресметка на данокoт на солидарност (во Microsoft Excel) и Презентација за Предлог Законот за данок на солидарност (во Мicrosoft Powerpoint)….

Согласно член 8 од Предлог Законот даночниот обврзник ќе биде должен да достави до УЈП образец „ДБ-ДС – Даночен биланс за оданочување со данок за солидарност“ во рок од 45 дена од истекот на рокот утврден за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство. Согласно член 15 од Предлог Законот даночниот обврзник ќе биде должен да го плати данокот за солидарност најдоцна до 31 мај 2023 година. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи детално низ повеќе примери се осврнуваме на пресметката на данокот на солидарност…

Во услови на страшната елементарна непогода земјотрес која ја погоди Турција , голем број на компании од целата територија на Македонија изразија намера за давање на хуманитарна парична помош или донирање на сопствени производи како помош за загрозените подрачја. Во написот кој може да го преземете со кликнување на повеќе се осврнуваме на целокупната законска регулатива врзана за донациите со посебен акцент на условите, начинот и постапката за остварување на правата на даночните поттикнувања од аспект на ДДВ, данокот на добивка, данокот на личен доход и даноците на имот…

Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.