+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ е Вести: Предлог измени на Законот за платниот промет (продолжување на можноста за плаќање со пресметка од страна на субјектите кои имаат блокирана сметка уште за една година т.е. до 31.12.2018 година)

unnamedОд страна на Министерството на финансии на Република Македонија предложени се измени на Законот за платен промет со кои се предвидува одложување на примена на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за уште една година, со што правните субјекти со блокирана сметка до крајот на 2018 година ќе можат меѓусебните парични побарувања и обврски да ги намируваат преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг
Потсетуваме дека со постојните одредби од Законот за платниот промет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 22/08, 159/08, 133/09, 145/10, 35/11, 11/12, 59/12, 166/12, 170/13, 153/15 и 199/15), е пропишано дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка, меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувањата преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг ќе можат да го вршат до 31.12.2017 година. Имајќи предвид дека, од 1 јануари 2018 година би престанала можноста за плаќање со пресметка од страна на субјектите кои имаат блокирана сметка, а да не се зададе дополнителен товар на стопанството е оценето дека е неопходно примената на наведената одредба да се одложи за уште една година т.е. до 31.12.2018 година.
Исто така потсетуваме дека не се менуваат, односно продолжуваат да важат одредбите од членот 25 ставот 2 и 3 со кои Буџетските корисници, единките корисници и другите институции кои имаат сметки во Трезорската главна книга не можат да вршат плаќање со пресметка доколку имаат блокирана сметка, односно Јавните здравствени установи кои имаат сметки во Здравствената главна книга не може да вршат плаќања со пресметка доколку имаат блокирана сметка.

  • Објавено на: 30/10/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.