+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ е Вести: Институтот на сметководители и овластени сметковдители (ИСОС) го усвои Tарифникот за надомест за сметководствени услуги

page1-img1На седницата одржана на 19 мај 2017 година, Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметковдители (ИСОС) ја разгледа Одлуката на Управниот одбор за донесување на Тарифник за висината на минималните надоместоци за вршење на книговодствени услуги. Донесувањето на овој тарифник е резултат на шестмесечна работа на институтот во кој беа одржани голем број јавни расправи по градови со преставници од професијата. Усвојувањето на тарифникот е од огромно значење на сметководителите и овластените сметководители, со цел да ја издигне сметководствената професијата на местото кое го заслужува.

Според укажувањата на претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметковдители (ИСОС), г-ѓа Ленче Папазовска, овој тарифник преставува минимум на надомест за покривање на трошоците кои нашите колеги сметководителите и овластените сметководители ги имаат при вршењето на книговодствените услуги и соодветно во тарифникот е предвидена и цена по час за сметководствените услуги слично како и кај останатите дејности. Досега сметководствената професија во Македонија беше несоодветно регулирана професија која треба да биде повеќе почитувана, но и сметководителите треба да се залагаат за поквалитетни услуги. Според наводите на претседателката г-ѓа Ленче Папазовска нелојалната конкуренција го спушти нивото на оваа фела и за таа цел донесувањето на овој тарифник треба да придонесе за подобрување на квалитетот кој што го имаме.

Со кликнување на преземи на овој маил може да го преземете Тарифникот за висината на минималните надоместоци за вршење на книговодствени услуги кој официјално ќе биде објавен и на веб страната на Институтот (www.smetkovoditel.mk)

Тарифникот за висината на минималните надоместоци за вршење на книговодствени услуги (ПРЕЗЕМИ)

Известување на МСФИ Консалтинг:

Почитувани колеги, на нашето советување кое ќе се одржи во Скопје во Холидеј ИН на 7 Јуни (среда) 2017 година ќе присуствува претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), г-ѓа Ленче Папазовска со свое обраќање во кое ќе даде одговор на повеќе актулени прашања поврзани со сметководствената професија, добивањето на лиценци за вршителите на сметководствени работи, имплементацијата на тарифникот за книговодствени услуги и голем број други актуелни прашања. Посебно сакаме да истакнеме дека, претседателката на Интитутот присутните на нашето советување ќе ги запознае до каде се подготовките за донесување на Програмата за континуирано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители и со тоа ќе ги прекине сите шпекулации, невистини, злоупотреби и манипулации поврзани со ова прашање со кои, се користат одредени консултански куќи со цел за привлекување на поголем број посетители на своите советувања. Донесувањето на Програмата за континуирано професионално усовршување од страна на ИСОС  преставува основен предуслов за отпочнување на постапката за професионално усовршување на сметководствената професија.

Ве покануваме да присуствувате на советувањето.

МСФИ Консалтинг

  • Објавено на: 21/05/2017
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.