+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МСФИ е Напис: Сметководствен третман на орочени депозити

picture1Во деловното работење на македонските компании понекогаш настануваат околности во кои компаниите располагаат со слободни парични средства, односно во тој одреден временски период тие средства немаат одредена конкретна намена. Во такви случаи компаниите се одлучуваат овие привремено слободни парични средства да ги орочат во деловните банки со цел да остварат приход од камата. Орочувањето на депозити во банка преставува вложување кое обично носи ниски приходи, но по правило ваквите вложувања се посигурни од останатите видови на вложувања во финансиски средства. Орочувањето на депозитот во деловните банки може да биде на временски период од еден месец до неколку месеци и години. Во зависност од временскиот период на орочување се разликува краткорочно орочување на период до една година или долгорочно орочување кое е подолго од една година и го надминува крајот на годината во која се врши орочувањето. Во написот кој може да го симнете со кликнување подолу на преземи се осврнуваме на сметководствениот третман кај македонските компании на орочените депозити во банки, односно барањата на МСС 39 кои се однесуваат на класификација и утврдување на вредноста на депозитите како и на барањата на МСС 18 кои се однесуваат на признавање на приходите од камата.

МСФИ е Напис: Сметководствен третман на орочени депозити (ПРЕЗЕМИ)

  • Објавено на: 26/04/2018
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.