+389 2 3112 323 / +389 2 3112 334 / +389 70 333 713info@msfi.com.mk
МСФИ Советник




МДБ Коефициент за аконтацијата за месец Јануари 2013 изнесува 3,4%

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари 2013 во однос на просекот за 2012 година изнесува 3,4%.

Наведениот процент се користи за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за месец Јануари 2013 година која е потребно да се плати најдоцна до 15 Февруари 2013 година.

Потсетуваме дека даночните обврзници  на данок на добивка немаат обврска да доставуваат образец “МДБ“ до УЈП. Месечните аконтации на данокот на добивка на непризнаени расходи во Даночниот биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година.

  • Објавено на: 12/02/2013
Кориснички дел
Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.